Светиот Отец го прими претседателот на Република Мадагаскар

На 28 јуни Светиот Отец го прими во аудиенција претседателот на Република Мадагаскар, Хери Мартијал Рајаонаримампијанин. Како што стои во соопштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол, на средбата се разговарало за периодот на рехабилитација на таа африканска држава и е истакнато позитивното учество на Католичката Црква на патот кон национално помирување и политичка стабилност, како и нејзиниот допринос во здравството и образованието. Освен тоа, разгледани се теми од заеднички интерес, како што е борбата против сиромаштвото и општествената нееднаквост, а станало збор и за теми од меѓународен карактер и судирите во разни краеви од светот.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот