Света Миса задушница за кардинал Туран

Света Миса задушница за кардинал Туран

Кардинал Анџело Содaно на 12 април 2018 година во базиликата Свети Петар во Ватикан ја предводеше светата Миса за упокоение на кардинал Жан Луис Туран

Кардинал Содано, декан на Кардиналскиот колегиум на 12 јули 2018 години во базиликата Свети Петар во Ватикан ја предводеше светата Литургија за упокоение на кардинал Жан Луис Туран, претседател на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог и камерленго на светата Римска Црква, кој почина во четврток 5 јули 2018 година, после долга борба со Паркинсоновата болест. Погребните обреди ги изврши папата Фрањо.

Во својата проповед деканот на Кардиналскиот колегиум напомена дека кардинал Туран беше човек кој храбро служеше на Христовата света Црква, и покрај товарот од болеста. Кардинал Содано рече дека за време на долгогодишното заедничко служење на Светиот Престол бил сведок на големиот апостолски дух на починатиот кардинал и напомена дека поради тоа секогаш ќе се сеќава на него со голема благодарност.

Кардинал Туран беше примерен свештеник, бискуп и кардинал, кој целиот свој живот го посвети служејќи на Црквата, а во последно време се залагаше за дијалог со сите луѓе со добра волја – рече кардинал Содано и заврши: На тој начин кардинал Туран ги живееше зборовите од пасторалната конституција од Вториот ватикански собор „Gaudium et spes“: Затоа што Бог е Отец, почеток и цел на сѐ, повикани сме сите да бидеме браќа. И затоа повикани со тој човечки и божествен повик, можеме и мораме без лаги за вистинскиот мир да соработуваме во изградбата на светот“ (GS, 92).

Ватиканњуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот