Света маченица Варвара

Како и за многу други светци и маченици од првите христијански времиња така за света Варвара знаеме многу малку за нејзиниот живот и смрт, па сме упатени на подоцна настанатите легенди за нејзиниот лик.

Според легендата била ќерка на Диоскор богат трговец. Таа привлекувала внимание со убавината, интелегенцијата и едноставноста, а татко и сакал да ја омажи за некој богат човек. Бидејќи била многу убава ја чувал како скапоценост и пред да отиде на долго патување ја затворил во кула со два прозорци. Кога се вратил на кулата забележал дека е направен трет прозорец, а на прагот знакот крст. Варвара храбро му признала дека таа сакала да се направи тоа: три прозорци да ја потсетуваат на тајната на Пресветото Тројство, а крстот да ја потсетува на откупувањето. Татко и збеснал од гнев и ја предал на судот, каде што во негово присуство била подложена на мачење. Гледајќи дека девојката е подготвена и на најтешки телесни маки, одлучил духовно да ја понижи така што необлечена ја водел низ улиците до плоштадот. Слушајќи ја нејзината молитва Бог создал во градот таква магла што потполно се замаглило. Не знаејќи што понатаму судијата на крајот одредил на маченицата да и се отсече главата. Тоа го извршил нејзиниот татко. На враќање од погубувањето му се случила соодветна казна: го погодил гром од ведро небо и ги распраснал неговите запалени остатоци.

Знаеме дека таа света девица многу ја почитувал младиот светец од Полска свети Станислав Костка и го почувствувал нејзиното моќно застапување во тешката болест. Светицата му се укажала во придружба на двајца ангели од кои едниот го причестил, бидејќи неговиот газда фанатички протестант не дозволил пристап на католички свештеник во неговата куќа.

Гробот во која маченицата била закопана од страна на младиот христијанин Валеријан наскоро станува место за средба на многу ходочасници кои наоѓале утеха за своите духовни и телесни тешкотии.Во почетокто на XI век нејзините моштии Венецијанците ги пренеле во нивниот град, а потоа во градот Торчело, во катедралата на свети Иван Евангелист.

Молитва до света Варвара за добра смрт

Света девице Варваро! Кога си сведочела за светата вера Исусова со својата крв тогаш премилостивиот Исус ти ветил дека оние кои ќе те повикаат на помош ќе бидат ослободени од ненадејна и неподготвена смрт. Направи, помошнице моја Исус да си спомне за пролиената девствена крв и искрената љубов твоја и преку своето благодатното ветување да не дозволи мојата душа да излезе од телото пред да се очисти со вистинска исповед и да се окрепи со Пресветата Олтарска Тајна на патот до вечноста! Амин!

Битно.нет/Превод: Д.И.

Категорија: Сведоштва

За авторот