Света Марта: Црвот на љубомора нè наведува да донесуваме лош суд за другите

Света Марта: Црвот на љубомора нè наведува да донесуваме лош суд за другите

Зборувајќи на светата Литургија за литургиските читање, папата се осврна на љубомората на царот Саул кон Давид, при што ги предупреди верниците на ‘црвот на љубомората’ поради кој лошо ги судиме другите, и се впуштаме во натпреварување со нив.

Да бидеме внимателни на црвот на завист и љубомора, кој нè води до тоа лошо да ги судиме луѓето, да се впуштаме во натрпеварување со нив. Празното мрморење со самите себе го убива другиот, но ако размислиме, тоа нема цврстина и завршува како меур од сапуница – предупреди папата Фрањо во проповедта на светата Литургија која ја служеше во Домот Света Марта на 24 јануари 2020 година.

Љубомората е злосториник секогаш гледа како да убие

Потсетувајќи на љубомората на царот, опишана во Првата книга Царства, затоа што Саул убил илјада непријатели, а Давид десет илјади. Папата напомена дека така започнува немирот од љубомората, како црв кој те нагризува одвнатре. Саул затоа излегува со војска како би го убил Давид. Љубомората е злосториник, секогаш гледа како да убие. Оној кој вели: љубоморен сум, но се сум убиец, Папата потсетува: Сега е така! Но ако продолжиш би можело да заврши лошо. Затоа што многу лесно може да се убие и со јазикот, со клевета.

Завидливецот мрмори сам со себе и не ја гледа реалноста

Љубомората расте преку разговорот со самиот себе, толкувајќи ги работите со клучот на љубомората – додаде Папата и рече: Мрморејќи со самиот себе, оној кој е љубоморен не е способен да ја види реалноста и само некој силен настан може да му ги отвори очите. Така е и со Саул, во неговата фантазија љубомората го носи до таму што верувал дека Давид е убиец, непријател.

Да го заштитиме своето срце од црвот на љубомората

Божјата е милоста кога завидливата, љубоморна личност ќе се најде пред реалноста, како што се случило со Саул; милоста која направи да се распрсне неговата мана, љубомората и зависта, која е како меур од сапуница – истакна Папата и ги поттикна сите да се погледнат себе. Да се прашаме: Што се наоѓа во мене? Дали тоа е црвот на љубомората, кој расте затоа што има нешто што јас немам, или станува збор за погрешно лутење?

Треба да го заштитиме своето срце од таа болест, од тоа мрморење со себе, кое дава да расте тој меур од сапуница кој нема цврстина, но многу наштетува – советува Папата. И кога некој ќе дојде за да го оговара другиот, мораме да направиме да сфати дека не зборува со мир, туку занесено, а во тој занес се зависта и љубомората.

Да бидеме внимателни затоа што тоа е црвот кој влегува во срцето на сите нас и нè наведува лошо да ги судиме луѓето, затоа што тука има конкуренција: тој има нешто што јас го немам. И така започнува ривалството. Нè наведува да ги отфрламе луѓето, нè води во војна; до домашна војна, до војна во насселбата во која живееме, до војна на работното место. Но во коренот е семето на војната – зависта и љубомората – истакна Папата.

Милост на транспарентно и пријателско срце

Затоа да го молиме Господ за милост да имаме транспарентно срце како она на Давид. Транспарентно срце кое единствено бара праведност, мир. Пријателско срце кое не сака никој да убие, затоа што љубомората и зависта може да убијат – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот