Света Марта: Сеќавањето е лек против тврдото срце

Света Марта: Сеќавањето е лек против тврдото срце

Бог од нас бара отворено срце полно со милосрдие – истакна Папата Фрањо во проповедта на Света Литургија во домот Света Марта

Сеќавањето е лек против тврдото срце – рече Папата Фрањо на 18 февруари за времен а светата Литургија во домот Света Марта. Учениците кои со Исус влегоа во чамецот и со кои влезе и нивната загриженост за управување со материјалните добра, им недостасуваше леб – истакна папата Фрањо. ,,Се расправаа меѓусебе – пишува во денешното евангелие по Марко (Мк 8, 14-21) – бидејќи немаа леб”. Кога Исус станал свесен за тоа, ги прекорил: ,,Зошто зборувате за тоа што немате леб? Уште ли е скаменето вашето срце? Очи имате, а не гледате; уши имате, а не слушате? Зарем не се сеќавате? Кога ги умножив петте лебови на пет илјади, колку парчиња полни кошници собравте?”

Папата започна од тој евангелски пример како би ни помогнал да ја сфатиме разликата помеѓу скаменетото срце како што е кај учениците и сочувството на срцето како кај Господ, кој ја искажува Неговата волја. А волјата е Господова сочуствителност – рече Папата и цитира – „Сакам милосрдие, а не жртва”. Срце без сочуствителност е скаменето и самодопадливо срце кое оди понатаму подржувано од сопствената себичност, која станува сè посилна само со идеологиите.

Да размислиме за четирите идеолошки групи од времето на Исус, односно за фарисеите, садукеите, есените и зелотите – истакна светиот Отец и додаде: Тоа се четири групи чие срце е стврднато како би извршувале проект кој не е Божји; немало простор за Божјиот проект и за сочуство. Но, постои лек против тврдокорноста на срцето, а тоа е сеќавањето. Затоа во денешното евангелие и во многу библиски делови на кои се осврнува Папата, како рефрен се враќа повикот на спасителната сила на сеќавањето,а тоа е милоста за која мораме да молиме, како би останало срцето отворено и верно.

Кога срцето ќе стане тврдо, кога ќе се стврдне, тогаш се заборава – рече Папата и напомена: Се заборава милоста на спасението и бесплатноста. Тврдото срце води до расправии и војни, во себичност и до уништување на братот, бидејќи нема сочуствителност. Најголемата порака за спасението е дека Бог имал сочуствителност за нас. Тој евангелски рефрен ни зборува дека кога Исус видел некој човек, страдање, тогаш се сожалува над неа. Исусовата сочуствителност е Татковска; тоа е шамар за секое стврднување на срцето.

Затоа, треба да бараме милост за да немаме ,,идеологизирано” срце, т.е срце кое не е тврдо, туку отворено и сочуствително за она што се случува во светот, бидејќи по тоа ќе бидеме судени на судниот ден, а не по нашите идеи или идеологии – рече Светиот Отец и потсети: ,, Гладен бев и ми дадовте да јадам; во затвор бев ме посетивте; во тага бев и ме утешивте”, пишува во евангелието. Тоа е сочуство и значи да се нема тврдо срце. Понизноста и сеќавањето на нашите корени и нашето спасение, ќе ни помогне да го сочуваме.

Секој од нас имал нешто со што го стврднал своето срце. Да се сетиме дека Отецот е тој кој ни дава праведно и искрено срце, каде живее Бог. Отецот не може да влезе во тврди срца и во срцата кое се заблудени од идеологијата. Тој влегува само во срцата кои се како Неговото; сочуствително и отворено срце. Нека Отецот ни ја даде таа милост! – заклучи папата Фрањо.

Ватикан њуз/ к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот