Света Марија Велика: Папата Фрањо ќе предводи Света Бројаница

Ватикан, 4 мај 2013 /к.мк/ – Во сабота 4 мај, прва сабота во месецот, со почеток во 18.00 часот во базиликата Света Марија Велика (Santa Maria Maggiore), папата Фрањо ќе ја предводи Светата Бројаница.

Вчера во еден нов твитер, Светиот Отец напиша: „Би било убаво во месец мај да се моли во семејството Светата Бројаница. Молитвата го зајакнува семејниот живот“.

Папата Фрањо ја посети римската базилика на 14 март, ден по неговиот избор, молејќи пред иконата на Пресвета Богородица позната како Здравје на Римскиот народ (Salus Populi Romani).

Во недела 5 мај, во рамки на прославата на Годината на верата, Светиот Отец ќе служи света Литургија во 10.00 часот на плоштадот Свети Петар. (В.Н.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<