Света Бернадет Субирус

На 7 јануари 1844 година во францускиот град Лурд како најстаро дете на многу сиромашни родители, мелничар и перачка, се родила света Бернадета Субирус. Била неука овчарка која боледувала од астма, но за својата едноставност и понизност е нагредена така што како четиринаесет годишно девојче додека одела да собира со другите деца дрва за огрев во близината на реката Гаве на 11 февруари 1858 година и се укажала Дева Марија.

Богородица и се укажала 18 пати, а на 16 укажување и се претставила со името „Безгрешно зачнување“ што тогаш било многу важно. Имено папата Пио IX само четири години пред тоа односно во 1854 година ја прогласил догмата за Безгрешното зачнување на Марија и околу тоа во Рим се воделе големи полемики, а за тоа неуката овчарка сигурно не можела да знае. Тоа укажување е сфатено како посебна потврда на донесената догма.

Бернадета подоцна отишла во манастир и на таков начин го посветила својот живот на Бог, а умрела на 16 април 1879 година.

Со текот на времето Лурд станало најголемо и најпосетувано маријанско светилиште, а Богородица Лурдска е таа на која се обраќаме за разни потреби.

Вера и Дела/к.мк/Д.И.

2830

Категорија: духовнитекстови, Свет

За авторот