Светата Столица потпиша договор со Република Зелен ‘Рт

Ватикан, 13.6.2013 /к.мк/ – Светата Столица и Република Зелен ‘Рт потпишаа договор со кој се дефинира правниот статус на Католичката црква во земјата. Документот беше потпишан во во главниот град на Република Зелен ‘Рт, Праја. Договорот го потпишаа ватиканскиот секретар за односи со земјите монсињор Доминик Мамберти и министерот за надворешни работи на Република Зелен ‘Рт, Хорхе Алберто да Силва Боргес. „Земајаќи ги во предвид добрите во последните 37 години односи помеѓу Светата Столица и Република Зелен ‘Рт– стои во соопштението од Ватикан – договорот го гарантира правниот статус на Католичката црква во земјата и го регулира нејзиното присуство во некои области. Меѓу нив се канонскиот брак, култните места, католичкото образование и воспитување, изучување веронаука во училиштата, хуманитарната дејност на Црквата, пастирската грижа во армијата, затворите и болниците.” На 3 јуни папата Фрањо го прими на аудиенција во Апостолска палата во Ватикан претседателот на Република Зелен ‘Рт, Хорхе Карлос де Алмеида Фонсека, а дел од разговорот беше посветен на договорот меѓу Република Зелен ‘Рт и Светата Столица. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<