Само здравје нека има!

Само здравје нека има!

Здравјето е важно, но тоа не е причина за спасение на верниците. Ова лудило од корона најдобро ни покажа дека човекот е подготвен да остави сè на патот само за да остане здрав и заборава дека здравјето не му носи живот.

„Многу пат и слушам „само нека има здравје и сѐ друго ќе биде“. Не можам да не забележам како тоа станува еден вид доктрина без никаква основа. Видов потполно здрави луѓе без никаков мир и радост. Видов стари луѓе кои беа врзани за кревет толку многу години што повеќе не се сеќаваа на точното време откако ја имаат нивната боолест, а сепак толку мирни и радосни што тие мене ме расположија.

Го преценивме здравјето, а го потценивме спасението и вечниот живот

Здравјето е важно, но тоа не е причина за спасение на верниците. Ова лудило од корона најдобро ни покажа дека човекот е подготвен да остави сè на патот само за да остане здрав и заборава дека здравјето не му носи живот. Го преценивме здравјето, а го потценивме спасението и вечниот живот.

Дали заборавивме каде е нашата татковина во рајот?

До кога ќе одиме по теретаните, новите храмови на култот на телото, барајќи здравје и духовност? До кога ќе бегаме од Бога и од човекот, барајќи го сопственото здравје, така обидувајќи се да уживаме два дена живот? Зарем толку лесно забораваме дека сите еден ден ќе застанеме пред Божјиот суд? Дали забораваме дека нашата татковина е во небо? До кога ќе го бараш здравјето на телото и ќе заборавиш колку е важно да се зачува душата за вечен живот?“

Фра Винко Брковиќ/к.мк

Категорија: Колумни

За авторот