Самољубие

Нели си ги слушал често зборовите на мојот Син во Евангелието: „Кој ја сака душата своја, ќе ја загуби; а кој ја мрази душата своја на овој свет, ќе ја запази за живот вечен.“ Па, нека твојот разум не ги толкува овие зборови обратно, туку подлабоко нека ги истражува. Мораш својата душа – која е скапоцена, единствено вечна да ја љубиш и да ја гледаш за да не ја упропастиш со гревот.

Навистина го запознав високиот  степен на Божјо Мајчинство, кое над сите луѓе ме возвиши, но понизноста секогаш ме придружуваше со целата таа извонредна чест. Имав за себе толку незначително мислење што пред нозете на Бог се фрлив како едно ништо, како понизна слугинка.

Корен на сите неволји е самољубието. Кој ги следи советите на овој најсмртносен советник, тој за кратко ќе го напуши училиштето Исусово и Неговата света наука. Самољубието дозволува неуредни склоности на нашата природа во целата слобода и му дозволува на телото слобода во веселбите и страстите, па тоа да е и против законот Божји.

Самољубието им блеска на чувствата затоа поради него духот трпи голема штета. Крст, жалост, неволји, срамота, болест, накратко: тоа што за светот е горко сето тоа за самољубието се ужасни стравови. Самољубието не го познава вистинскиот пат по кој човекот чекори до небото, патот кој е послан со трње; тоа чекори по широкиот пат кој води до бездната на пеколот.

Сите светци се грижеле само за тоа најсериозно и најбрзо да се ослободат од самољубието и кога престанале да му бидат робови го почувствувале лесниот пат до светоста.

Мој синко, не му верувај на самољубието, тој лажливец! Знај дека нема вистина во него. Тоа што тој го бара е пропаст на твојата душа. Тој е оков за целиот духовен напредок. Кој целосно ќе го искорени самољубието тој никогаш нема да биде во опасност. Секој побожен и Божји служител знае дека самољубието е најопасниот непријател на крепостите и дека неговите непријатни совети се целосно спротивни на Божјите заповеди.

Одлучи сине во секое време да се спротивствиш на сè што тој непријател ти внесе во паметот. Тој нашите прародители ги истерал од рајот кога посакале да бидат слични на Бог. Чувај се од сè што му е пријатно на твоето тело. Умртвувај го за да не служи на самољубието.

Следи ме!

Наследувај ја Марија/Себастиан Саилер/превод: Јосеф В. Баренсенбург/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот