Салезијанците за малолетните странци без придружба

Салезијанците за малолетните странци без придружба

Целта на иницијативата на салезијанците „Се интересирам за тебе“ е да се ограничи појавата на странски непридружувани малолетници кои често бегаат од центарите за прва помош.

Проектот „Се интересирам за тебе“ се создаде во експериментален облик пред две години во Рим, а подоцна се прошири во Торино, Наполи и Катанија. Имено сака да се одговори на проблемот со малолетните странци без придружба кои остануваат надвор од постапката за прифаќање или кои буквално побегнале од центарот за прво и второ прифаќање – објасни за Ватикан Њус дон Џовани ди Андреја, одговорен во салезијанската дружба за социјални прашања. Проектот во конечниот облик започна во јануари оваа година, а во првите три месеци се вклучени околу 700 деца во трите спомнати градови – рече дон Џовани.

Да се примат и да се вклучат малолетниците во општеството

Децата бараат воспитувачи – објасни тој – најмногу на перифериите и околу големите железнички станици. Во прифатните центри можат нешто да јадат, да се измијат и да се одморат, а потоа се настојува да се воспостави со нив воспитен дијалог за да се постигне доверба која е многу важен фактор, но и исто така и многу тежок – рече дон Џовани и продолжи: После тоа се започнува да се размислува и за описменување и образование, и помош во решавањето на разни административни прашања што се однесува до документите кои ги немаат.

Образование со цел наоѓање работа

Во спомнатите три градови постојат образовни центри кои се однесуваат посебно на младите кои наскоро ќе станат полнолетни. Курсовите се насочени на развојот на способностите и на склоностите кои што младите веќе ги поседуваат – објасни дон Џовани и додаде дека имаат постојана придружба и помош и тогаш кога треба да најдат работа.

Воспитувачите и волонтерите во служба на малолетниците

Активностите на тој проект го спроведува мрежа воспитувачи, психолози и волонтери кои на секој пронајден малолетник веднаш му гарантираат поддршка и заштита. Освен тоа им помагаат и во посетувањето на курсеви за јазик, и нудат правна помош – рече дон Џовани и додаде дека меѓу волонтерите има и млади студентите и возрасни луѓе кои одлучуваат да посветат дел од своето време на тој проект.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот