Руски медиуми тврдат: Знак за надоаѓање на тешки времиња – заплачеле икони во неколку православни манастири

Ако е точна информацијата, тоа може да биде само повик на преобраќање до сите христијани, коментираа католичките медиуми во Полска кои ја пренесоа таа вест

Неколку икони во разни православни манастири во Русија и Украина заплачеле, објавија руски медиуми толкувајќи го тоа како знак „од горе“ како на Русија и источна Европа и претстојат тешки времиња.

Како што објавија Русите, а потоа го пренесоа полските медиуми, вклучувајќи го и угледниот католички портал Фронд, кој таа вест сепак ја зеде со одредена резерва, заплачеле иконите во манастирите во украинскиот град на брегот на Црното море Одеса, Руски Сиктивкар, Печор, Ростов на Дон и Новокузњецк, и Ривна (град во западна Украина). Поедини руски телевизиски станици је пренеле таа вест, додавајќи дека такви работи веќе се случувале во историјата на рускиот народ – на пример, пред самата Октомвриската (болшевистичка) револуција, и наводно пред распадот на СССР. Иако никој од руските медиуми тоа не го говори директно, јасно е дека оваа појава може да се поврзе со кризата која настана во регионот со инвазијата на руските сили на Крим.

Фронд ја пренесе таа вест, со коментар на главниот уредник Томаш Терликовски кој напиша дека информацијата треба да се земе со резерва, посебно кога се слуша како руските новинари тврдат дека такви работи се случувале пред пропаѓањето на советската империја („Ако и се случувале, тоа биле солзи радосници“, ироничен е коментарот на еден полски читател).

„Сепак, ако овие информации се точни, тогаш нема сомнеж дека Бога сака да нè предупреди на тешките времиња кои се пред нас и да нè повика на преобраќање. Молитвите никогаш не се доста, а гледаме дека меѓународната ситуација сигурно не нè повикува на претеран оптимизам. Значи, бројаницата во рака и на молитва. Секое такво случување е повик за христијанинот да го промени својот живот и предупредување на тоа што го чека“, напиша Терликовски.

Битно нет/С.С.

Категорија: Свет

За авторот