Родителството е света работа

Бог престојува во нашите деца. Кога ќе се соочиме со таа вистина, кога ќе го сфатиме тој факт и што тоа значи, можеме само да почувствуваме голема светост на својот родителски повик.

Бог не ни додели само неискажлива привилегија да учествуваме во неговите создавања со тоа што ни допушти да му помогнеме во создавањето на човечките битија; туку тој исто така ни даде света доверба за да овие битија ги воспитаме како негови пребивалишта на Земјата и како учесници во неговиот вечен живот.

Тоа е света работа на која ние сме повикани како родители и тоа е, всушност, причина поради која нашите домови претставуваат основна клетка на Црквата – поради што тие се навистина свети места. Тоа е, исто така, причина поради која  свети Августин татковците во семејството ги нарече „мои колеги епископи“. Каква славна титула добиваме кога во своите домови го примаме Христос, ни говори Евангелието според Иван: „А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде можност да станат синови Божји: кои не од крв, ни од похот машка, а од Бога се родија“ (Ив. 1, 12-13)

„Откако родителите ќе им дадат живот на децата, тие имаат многу тешка обврска да ги воспитаат и затоа е потребно да се признаат како први и законски воспитувачи на своите деца. Родителската улога на воспитување е од таква важност што тешко може да се замени со друга. Тие треба да создадат таков семеен амбиент – исполнет со љубов и посветеност кон Бога и луѓето – кој ќе биде корисен за личниот и социјалниот развој на детето. Затоа семејството е првото училиште на оние општествени доблести кои се потребни на секое општество. Особено во христијанското семејство, кое е збогатено со благодатта и задачата на светата тајна Венчание, од самиот почеток треба децата да се воспитуваат во верата, која ја примиле на светото Крштение, за да го запознаат и обожаваат Бога, а ближниот да го сакаат. Во семејството децата прво стекнуваат искуство за здрава човечка заедница и за Црквата; по тоа, конечно, постепено влегува во човечката заедница и во Божјиот народ. Нека родителите сериозно сфатат дека вистинското христијанско семејство има важно значење за животот и напредокот на Божјиот народ.“ (Декаларација за христијанско воспитување, бр.3)

На сите ни се потребни херои, посебно на децата: луѓето кои ги цениме поради нивните исклучителни квалитети и чии достигнувања, на некој начин, ни даваат патоказ како да го оцениме својот успех или неуспех.

За христијаните, на крајот, постои само еден херој, една личност од која вреди да се земе пример : Исус Христос, Божји Син и Човечки Син. За христијаните вистинското херојство е вкоренето во наследувањето на Христос и сите вистински херои се светци, оние христијани кои со својот живот најмногу се приближиле на неговиот живот.

Но први херои за детето се неговите родители. Затоа дури и малото дете го става татковиот шешир на својата глава или ги обува чевлите на својата мајка обидувајќи се да ги имитира своите родители. Многу малку родители постојат кои не паметат некој таков настан при играњето со своите деца кога едно од нив ја презема улогата на таткото или мајката изговорувајќи ги точно зборовите од родителите. Дури и вообичаена е ситуацијата кога детето сака вилушка бидејќи „тато има вилушка“ или „чаша каква што има мама“.

Позицијата на таткото како херој во животот на неговите деца се темели на неговата позитивна и јасна улога во домот. Ако тој е рамнодушен кон активната лидерска улога во домот; ако таа улога, тој ја турка во садот во кој става сѐ што не може да направи поради „презафатеност“; или ако допушти работните интереси да го одвојат од семејството, во тој случај неговите деца го бараат херојот на друго место.

Битно нет/к.мк/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Колумни

За авторот