Родителите на света Тереза од Детето Исус ќе бидат прогласени за светци

Папата Фрањо го потврди со декрет чудото по застапништво  на родителите на света Тереза од Детето Исус

Пред почетокот на Генералната аудиенција во среда 18 март Светиот Отец ги прими во приватна аудиенција кардинал Анџело Амато, префект на Конгрегацијата за прогласување на светци.

Мајката и таткото на света Тереза од Лизие, позната како света Тереза од Детето Исус наскоро ќе бидат прогласени за светци. Ова го потврди Светиот Отец потпишувајќи го декретот со кој се признава чудо преку небесното застапување на блажените Зели Герен и Луи Мартен, родители на света Тереза, кои беа прогласени за блажени на 19 октомври 2008 во Лизие, Франција.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот