Резиме од најважните делови на Апостолско пимо за семејството на Amoris Laetitia (2.дел)

Документ кој ги собра резултатите од синодата за семејството во 2014 и 2015 година е поделен во девет глави во кои опширно се зборува за семејството во светлината на Божјиот план, за предизвиците на семејството денес, за повикот на семејството и брачната љубов.

Поглед управен кон Исус: звање на семејството

Третата глава претставува „резиме на црковната наука за бракот и семејството“. Се истакнува дека неразрешливиот брачен сојуз меѓу мажот и жената не е бреме, туку дар и звање; света Тајна за посветување и спас за сопружниците, а не општествена конвенција или празен обред. Се напоменува дека Црквата треба пасторално да се грижи за верниците кои кохабитираат, луѓето кои се само цивилно венчани и за разведените во новите врски.

Пишува дека треба „јасно да се изразува доктрината“ избегнувајќи истовремено „судови кои не водат сметка за сложеноста на различните ситуации.“ На паровите кои не можат да имат деца им се препорачува посвојување. Го нагласува „неповредливото право“ на неродениот живот кој „никогаш не може да биде предмет на доминација.“ Исто така истакнато е правото на приговор на совеста. Семејството е домашна Црква, а Црквата е семејство на семејствата – се вели во документот.

Љубовта во бракот

Во четвртата глава за брачната љубов Папата на семејниот живот ги применува карактеристиките кои што свети Павле ги спомнува во својата химна за љубовта. Директно се обраќа на младите зборувајќи им дека бракот не е товар или недостижен идеал. Ја истакнува важноста на дијалогот, а особено несовесноста на сексуалноста во бракот. Брачната љубов води до тоа целиот емоционален живот да стане добро за семејството, во служба на заедничкото живеење. Сексуалниот живот на сопружниците е „прекрасен дар“. На никој начин еротската димензија на љубовта не може да се смета за „дозволено зло или товар кој треба да се поднесува заради доброто на семејството.“ Папата исто така зборува за вредноста на девственоста како облик на љубов кој не е спротивен на женидбата, туку претставува поинаков начин како да се сака.

продолжува

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан, Колумни

За авторот