Реакција на надбискупот Гадецки за оскврнувањето на цркви во Полска

Реакција на надбискупот Гадецки за оскврнувањето на цркви во Полска

Претседателот на Полската епископска конференција и бискуп во Познан, Станислав Гадецки реагира на критиката за одлуката на Уставниот суд за неуставноста на одредбата на законот со кој се овозможува абортус поради оштетувања или болест на нероденото дете, откако протестантите во недела 25 октомври осквернија цркви во неколку градови.

Видеозаписите на социјалните мрежи покажуваат како протестантите кои застапуваат абортус ги попречуваат служењето на светите Литургии. Протестантите влегувале во црквите со транспаренти, од кои некои покажуваа распната бремена жена и испишувале графити по ѕидовите на црквите: „Абортус без ограничувања“. Меѓу скандирањата можело да се слушнат извикувања: „Ова е војна!“ и „Човечки закони, не црковни“. Протестантите се собрале и покрај ограничувањата за собирање на повеќе од 5 лица поради спречување од ширење на коронавирусот.

„Навредите, насилството навредливите натписи и попречување на богослужбите и профанирање што се случува во изминатите денови – иако на некои луѓе може да им помогнат да ги ублажат своите чувства – не се правилен начин за дејствување во демократска земја. „Изразувам жалење затоа што верниците денес во многу цркви беа спречени да се молат и со тоа им е одземено правото на исповед на нивната вера – истакна монс. Гадецки.

Надбискупот напомена дека Црквата не одлучува дали некој закон е уставен или неуставен. „Од своја страна, Црквата не може да престане да го брани животот, ниту пак може да пропушти да навестува дека секое човечко битие мора да биде заштитено од зачнувањето па сѐ до природната смрт. По тоа прашање, Црквата како што папата Фрањо често зборува, не може да прави компромис, затоа што би била виновна за културата на одбивање, која денес е многу раширена, од која најмногу се погодени оние во најголема потреба и најранливите.

Надбискупот Гадецки замоли „сите да ги искажуваат своите ставови на општествено прифатлив начин, почитувајќи го достоинството на секое човечко битие. Имаме потреба од разговор, а не од спротивставени ставови или грозни размена на мислења на социјалните мрежи.“

Уште еднаш поттикнува на дијалог за заштита на правото на живот и правата на жената. Ги молам новинарите и политичарите да не поттикнуваат напнатост, и да бидат општествено одговорни, додаде тој.

„Ги молам сите верници да молат за неродените деца, за идните родители кои очекуваат деца и за преобраќање на оние кои се служат со насилство – рече на крајот надбискупот Гадецки.

Во Полска законски може да се абортира  во случај на силување или доколку е загрозен животот на мајката – објави ЦНА.

ЦНА/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот