Раѓањето на свети Иван Крстител

Црквата во литургиската година исклучително слави само три родендени: на Исус Христос, на Пресвета Богородица и на Иван Крстител, најголемиот меѓу луѓето, како што Исус го нарекуваше. И ние сакаме да слушнеме порака за овој Божји човек, да се молиме за неговото застапништво и заедно со него да го славиме Бога. Неговиот главен повик бил: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“ (Мт 3,2)

Да се смириме во срцата, да ги признаеме своите гревови пред Бога, да молиме за прошка и поправување на нашиот живот. Бог за да би ни простил, и ние најпрво треба да им простиме на другите и на самите себе.

Кога ќе се дознае дека едно семејство очекува раѓање на дете, најчесто се прашува: „Како ќе се вика?“ Родителите, постарите браќа и сестри веќе претходно биле вклучени во изборот на името за новиот член на семејството. Давањето име на некоја личност е знак на присвојување, примање и признавање. Името е исто така и знак кој оваа личност ќе го носи целиот живот и по што ќе препознаваме некого. Со тоа име се потпишуваме и тоа ја претставува нашата личност.

Со прославувањето на денешниот празник на Свети Иван Крстител, слушаме за давањето име на новородено дете. Сите се чуделе што сакале да го наречат со името кое означува Божја благодат и милосрдие. Захарија и Елисавета имале причина да го наречат со тоа име, бидејќи тие во поодминатите години го доживеале Божјото милосрдие. Тие биле обдарени со дете и на тој начин од нив бил симнат срамот на неплодноста. Во она време еден брачен пар без деца се сметал за неуспешен, неостварен, па и проклет. Да се нема деца била голема несреќа и Божја казна.

Нашите имиња често зборуваат повеќе за околностите во кои сме се родиле и за личностите кои ни го дале името, отколку за нас самите. Некои од нас така го носат името на некој светец на чиј ден се родиле, а други пак по името на дедовците, бабите или роднините. Некои од нас и не знаат зошто го имат тоа име што го носат. Дали е тоа можеби некоја случајност или само обичен израз на волјата на своите родители или роднини? Дали на родителите за време на бременоста нешто убаво им се случило та да овој настан сакале да го вткаат во името на нивното дете?

Сега е повод да се запрашаме какви сѐ имиња им даваме на нашите деца: христијански или пагански, во духот на македонскиот народ или невообичаени и на прв поглед модерни со кои најмногу покажуваме дека се срамиме од тоа што сме и од својата народна традиција. Тоа е доста непријатно кога некој за време на животот има потреба да си го промени своето име бидејќи звучи несоодветно и невкусно.

Името го означува нашиот живот, постојано следејќи нѐ од моментот на крштевањето до погребниот крст. За христијаните името има свое подлабоко значење. Тоа ја означува мисијата и стои како цел која треба да ја постигнеме. По името луѓето нас нѐ препознаваат, но и Бог кој нѐ сака, бидејќи сме му драгоцени, нѐ врежува на своите дланки и нѐ повикува со нашето име.

Веќе од многу одамна, старите Римјани велеле: „Nomen – omen!“ што значи: „Име – знак!“ Иван Крстител бил во согласност со своето име, бидејќи го навестувал Божјото милосрдие проповедајќи ја близината на благодатта во Исус Христос. Да бидеме и ние во согласност со значањето на нашите имиња, да бидеме знакови и сведоци на Исус Христос меѓу оние со кои живееме, а со тоа и во светот.

Иван Крстител бил испосник. Марковото Евангелие го опишува дека бил облечен во непријатна облека од камилски влакна, и појас од кожа околу половината своја, облечен како пустински бедуин. Живеел во пустината на долниот брег од реката Јордан, наспроти Мртвото море, каде што делувал како моќен проповедник на покајанието, чии зборови биле влијателни и продорни. Иван додека ги крштевал луѓето во реката Јордан се служел со зборовите кој пророкот Исаија, 500 години пред него, ги потсетува Израелците за ослободување од Египетското ропство: „Пригответе му пат на Господа, прави направете ги во пустината патеките за нашиот Бог“ (Исаија 40,3).

Вознемирувачки од било кое заробеништво, биле неговите внатрежни сомнежи. Само тоа што седел во затворот било доволно. Но ниту неизбежноста, ниту студот, ниту темнината, ниту лошиот мирис, ниту понижувањето, не биле толку мачни како внатрешното помрачување, двоењата, сомнежите. Всушност стигнал и во состојба на тешки сомнежи во верата. Неописливо помрачување на верата, толку силно се будеше кај Иван Крстител, та ги пратил своите ученици кај Исус со прашање: „Дали си ти тој, што треба да дојде, или друг да чекаме? Поразбирливо: „Дали си ти ветениот Месија или не?“ Во еден момент Иван го доведува во прашање целиот свој живот и пророчкото делување: Дали во пресудата сум се излажал, сум направил грешка и сум се занесол? Дали Бог ме повикал или јас само си замислувам?

Повеќе не го разбирал ниту Бога, ниту светот, ниту самиот себе. Меѓутоа Исус својот пријател Иван, не го смирил со јасен одговор: „Да, јас сум Месијата!“ Не го штеди пријателот, ниту неговите следбеници од самракот на верата, туку им зборува за знаците кои го следаат, за самите да ги препознаат.

Дарот на верата не е заслуга на секого од нас, туку во прв ред тој е Божја милост – која е во соработка со секого од нас и со даровите кои на Бога Му ги ставаме на располаѓање и му даваме простор да делува во нас и во нашиот живот. Верата е дел од нашиот живот и позив во кој се наоѓаме и во неа треба постојано да растеме. Свесни за тоа на позитивен начин ќе ги разбереме и ќе ги прифатиме животните крстови, болестите, сомнежите и недоразбирањата со кои постојано се среќаваме. Секогаш да се верува не е така лесно, туку мора да се помине низ искушенија, бидејќи на тој начин верата се зацврстува и во нас се накалемува.

Путеви милости/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот