Раул Кастро присуствуваше на три Литургии во три дена

Раул Кастро комунистичкиот претседател на Куба, три дена едно по друго присуствуваше на света Литургија. За првиот Секретар на Комунистичката партија на Куба е невообичаено толку често да оди на света Литургија, а неговото присуство е благодарение на посетата на папата Фрањо на Куба.

Државните медиуми ја забележаа честата посета на Литургиите од страна на Раул Кастро и тоа во Хавана, Холгуин и Сантијаго де Куба. Исто така посебен акцент кубанските медиуми му дадоа на срдечното поздравување помеѓу Папата и претседателот Кастро пред почетокот на Литургијата во Сантијаго де Куба.

Додека Фидел Кастро има католичко образование, неговиот брат има посетувано баптистичко училиште. Во мај по средбата со папата Фрањо во Ватикан на италијанскиот премиер Матео Ренци му рекол: доколку Папата продолжи вака, ќе се вратам во Католичката црква.

По четиридневната посета на Куба, во вторник 22 септември папата Фрањо го продолжи своето патување во САД.

к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.
Категорија: Свет

За авторот