Распоред за Тродневницата и Светувањето на Марија од Назарет

Распоред за Тродневницата и Светувањето на Марија од Назарет

Од 30 септември до 3 октомври 2021 година во Радово ќе се моли тродневница и светување на Марија од Назарет. Централна тема на Тродневницата гласи: „Марија од Назарет една од нас“.

Во продолжение го пренесуваме распоредот.

Четврток 30.09.2021 18,00 часот Бројаница, изнесување на Статуата Марија од Назарет – Света Литургија; Наговор Отец д-р Зоран И. Стојанов. Тема: „Марија – Мајка на светата Бројаница“. Молитви на верните, под водство на Отец Трајче Ташев, капелан.

Петок 01.10.2021 18,00 часот Света Литургија; Молебен до Пресвета Дева Марија; Наговор Отец Тони Ангелов, парох во Благовештение – Штип. Тема: „Марииното безгрешно зачатие“. Молитви на берните, под водство на Отец Илија Стојанов, капелан.

Сабота 02.10.2021 8,30 часот Света Литургија; Во 17,00 часот Тргнување во процесија кон капелите Марија од Назарет и Блажена Мајка Тереза. Процесијата ќе ја предводи Н.В.П. Д-р Киро Стојанов, со свештениците, со учествуво на верниците – возрасни и деца; По патот молење на Бројаница. Враќање во црквата – Молебен до Пречиста Дева Марија. Наговор Отец Гоце Костов, парох во Раѓање на Свети Иван Крстител – Струмица. Тема: „Нека ми биде по зборовите твои“.

Недела 03.10.2021 10,00 часот Света Бројаница –  Процесија со Марија од Назарет околу црквата; Светата Архиерејска Литургија (започнува веднаш по влегувањето во храмот) ја предводи и проповеда Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Струмичко-скопски епископ и Скопски бискуп; Благослов за сите присутни и на индивидуалните и фамилијарни Бројанички. Заедничко Агапе.

Преку сите денови на Тродневницата можност за Света Исповед. Доколку не сте спречени од некои неодложливи задолженија се препорачува секојдневно присуство на молитвата со можност за добивање посебни милости во овие денови на празникот Марија од Назарет во Радово.

Светувањето во Радово во чест на Марија од Назарет, Тродневницата и Светата Литургија на празникот во недела ќе бидат пренесувани на Радио Марија (FM 106,5), кое може да се следи и вон Струмица преку интернет на www.radiomarija.mk.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот