Размислување за Пресветата Евхаристија

„Јас сум живиот леб што слезе од небото; кој јаде од овој леб, ќе живее вечно; а лебот што ќе го дадам Јас, е Моето тело, што ќе го предадам за животот на светот.” (Иван 6,51).

Ова е тајната на вечниот живот која Бог ни ја дарува. Тајна која го надминува секој човечки ум. Тајна која го преобратува животот на човекот. Во светата Евхаристија, човекот преку Синот Божји, добива живот вечен. И зарем може овој дар Божји да остане затворен? Зарем може оваа љубов Божја да ја чуваме и криеме? Зарем може благодатта Божја да ја заклучиме?

„Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“ (Иван 6,54).

Кога човекот би знаел што е пекол, правецот на животот би го променил веднаш. Поради нашето незнаење многумина ќе заминат во пеколот. Дарот ни е даден. Даден е бесплатно, незаслужено. Даден е само од неизмерната љубов која Бог ја има кон човекот. Неразумниот вели: Бог не постои. Но гледај, неговото место веќе го нема. А јас, сиромав, кој ќе ме спаси? Но Бог е верен и храбар. Неговата милост секогаш ме поткрепува. Тој е моја надеж и спасение. Затоа ќе пеам и ќе го прославувам Бога, кој ме извади од смртта и ме води по патот на животот.

„Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него.“ (Иван 6,56).

Ме заплеткаа јажињата на Шеол. Но Бог ги раскина. И сега сè можам во Оној кој ми дава сила. Од немоќен станав крепок. Од смртта преминав во животот. Господ е Бог, и ни се јави. Направи Нов Завет со нас во Неговата крв. Словото Божје се всели и живее во нас.

Што е света Евхаристија?

Прославете го Бога со вашиот живот. Прославете го Бога за чудесните дела што тој ги врши во вас. Благодарете. Пеејте и прославувајте го Бога.

Пресветото ги осветлува оние кои се отварат кон Него. Радувајте се и веселете се, играјте и пеејте, Бог поминува.

(И.П.)

Категорија: духовнитекстови

За авторот

Write a Comment

<