РАЗМИСЛУВАЊА НАД ХРИСТОВИТЕ СТРАДАЊА: XI постојка: Исуса го приковуваат на крстот

Поради нашите гревови ги прободеа рацете и нозете на Исуса. Боже мој и после сето тоа ти со раширени раце пак ги повикуваш и ги прегрнуваш сите луѓе. Го молиш својот Отец да ни прости, бидејќи не знаеме што направивме. Исусе, твојата љубов е неизмерна. И својата мајка ни ја даваш и во најтешките моменти не нѐ оставаш сираци.

Со Исуса висат и двајца разбојници едниот од левата, а другиот од десната страна. Двајцата заслужено висат на крстот, но различно тоа го доживуваат. Едниот го обвинува, другиот го брани, бидејќи знае дека Исус е невин. Добриот разбојник го моли Исуса да не го заборави во своето царство.

Сите имаме крст и можеме да бираме; да бидеш разбојник огорчен поради своите маки или разбојник кој се спасува барајќи го Божјото царство. Тој што не го препознава Исуса останува да виси. Значи крст мора да биде, но од нас зависи дали тој ќе ни биде за спасение.

Единаесетта постојка: Исус ни вели: Додека го носиш крстот, уште имаш можност да го отфрлиш. Но кога еднаш ќе те приковаат на крстот повеќе нема да можеш да се одделиш. Сега знаеш, крстот е твоја судбина до смртта. Тоа е тешко. Ти би сакал да се ослободиш од крстовите, но си прикован на нив. Тоа е место на кое се умира. Луѓето на нив ќе те приковуваат, но ти ќе се преплашиш или ќе ми се предадеш? Има крстови кои се носат до крај. Залудно се трудиш да се ослободиш од нив. Подобро е да ми се предадеш. Тогаш ќе умреш и ќе започнеш да живееш. Не плаши се! Носи го храбро својот крст и ќе ме сретнеш.

Подготви: о. Д.Т.

Користено и од текстовите на Томислав Иванчиќ, Тргни со мене

Категорија: духовнитекстови

За авторот

Write a Comment

<