Разговор за Оче наш

Мајк молел два пати на ден. Тој секогаш ја молел молитвата „Оче наш“ затоа што таа молитва му била најлесна да ја запамети, а и не знаел што значи таа се додека еден ден… слушнал глас

Оче наш кој си на небесата.

-Да.

-Дали слушнав некој глас?

-Да.

-Кој си ти? Слушај, кој и да си, те молам оди си? Нели гледаш дека молам? Всушност ме прекина. Најдобро е да почнам од почеток. Оче наш кој си на небесата.

-Да.

-Повторно ме прикинуваш!

-Но, зар не ме повика?

-Те повикав Тебе? Јас тебе не те повикав! Всушност ја молев својата молитва „Оче наш кој си на небесата.“

-Еве! Повторно тоа го направи!

-Што сум направил?

-Ме повика. Рече: Оче наш кој си на небесата. „И еве овде сум!

-О, мој Боже! Па не очекував дека ќе одговориш. Не мислев дека ти не слушаш додека се молиме.

-А тоа е така! Зар таква доверба имаш во мене? Но, добро бидејќи стапивме во контакт кажи ми сега за што размислуваш?

-Ќе бидам искрен, не размислувам за ништо. Само ја молев својата секојдневна молитва. Јас секој ден ја молам Оче наш, тоа ми прави добро.

-А, тоа е смислата на молитвата – да ти прави добро. Сфаќам. Продолжи.

-Да се свети името Твое.

Застани! Што мислиш со тоа „да се свети името Твое“?

-Тоа значи… чекај да видам… Да се свети? Не знам што значи тоа. Тоа е збор кој ретко го употребувам. Всушност и не го употребувам освен во ова молитва.

-Дај, кажи ми дали во разговор со луѓето употребуваш зборови кои не знаеш што значат?

-Не.

-Па зошто тогаш правиш така кога со мене разговараш? Најпосле, што е молитвата ако не разговор со мене.

-Да, навистина, туку што всушност значат тие зборови?

-Тоа значи „почитувано“.

-Всушност, тоа што јас го молам е твоето име да биде славено и почитувано од секого.

-Тоа значи тоа. Може ли да продолжам?

-Секако. Да дојде Царството Твое.

-На какво царство мислиш?

-Не сум баш сигурен. Сѐ што знам е дека светот е во неред. Тоа што можеш да го видиш на телевизија е борби и убиства, понижување и сиромаштво.

-И што би сакал јас да направам?

-Би сакал да ја преземеш контролата над работите овде долу исто како што правиш горе.

-Имам ли јас контрола над тебе?

-Понекогаш.

-Сакам на сите да им биде овозможено да живеат во мир.

-Дали ти живееш во мир со сите?

-Речиси со сите. Има неколку луѓе со кои ми оди тешко. Всушност, ќе бидам искрен. Има неколку луѓе со кои би сакал да се решам. Еден од нив е во моето одделение, тој е предавник. Потоа мојот брат. Не разговарам со него веќе два месеци, ми оди на нерви. Би сакал да ме остави на мир.

-А што е со тебе? Ти знаеш дека ниту ти не си ангел.

-Ова почнува да ме навредува, Господи. Не го земам ова премногу сериозно?

-Па ти молеше да дојде моето Царство. Зошто тогаш не му дозволуваш да дојде и во тоа мало делче во светот за кое тебе те направив одговорен. Она на кое мислам е – зошто не започнеме самите од себе? Ти сакаш да припаѓаш на моето Царство, нели?

-Секако, но јас не знам што треба да направам.

-Бедните по дух, кротките, милосрдните, миротворците, гонетите заради правда… сите тие припаѓаат на моето Царство. Сите оние кои се трудат да ја вршат мојата волја.

-Твојата волја… тоа е следниот дел од молитвата. Можели да продолжам?

-Секако.

-Да биде волјата твоја како на небото така и на земјата.

-Дали сфаќаш што рече сега? Всушност си молел мојата волја да се случи на земјата. „На земјата“ тоа веројатно значи и во твојот живот, исто така?

-Секако.

-И што ќе направиш во врска со тоа?

-Како мислиш што ќе направм во врска со тоа. Нели го молев тоа сега?

-Но, го молеше. Но повторно те прашувам: Што планираш да направиш во врска со тоа?

-Ништо. Не мислев дека би требало нешто да направам.

-Но, тогаш така. Молиш да се случи мојата волја, потоа седнуваш ги прекрстуваш рацете и ништо не правиш во врска со тоа. Знаеш ли што? Имаш слабо разбирање за молитвата.

-Што сакаш да кажеш, Господи?

-Ти изгледа мислиш дека молитвата значи јас да правам работи за тебе, наместо јас тебе да ти помогнам ти нешто да направиш за себе. Да бидеме малку конкретни. Дали мојата волја се остварува во секој дел од твојот животот?

-Редовно одам на света Литургија.

-Тоа е дел од тоа. Но, на пример дали некогаш си помогнал на некој човек? А што се однесува до твојот јазик? Добро ти е познат твојот сарказам, нели?

-Чекај малку! Јас не сум ниту подобар ниту полош од другите. Сепак, јас навистина сакам да бидам добар човек.

-Добро. Работите тргнаа на добро. Молитвата може да биде опасна, дали го знаеш тоа? Ако ја земеш сериозно, на крајот би можел да се промениш.

(Мајк гледа на часовникот и говори…)

-Ова траеше подолго отколку што очекував. Обично своите молитви ги завршувам за две минути. Тоа што ме загрижува е тоа што морав да се сретнам со пријатели уште пред половина час. Нели може овој разговор да го завршиме друг пат?

-Да завршиш за две минути! Ова ми звучи како механичка работа. Па, ти не можеш да чекаш да се случи мојата волја. Сега твојата волја е таа која треба да се изврши.

-Ох, не, мислам дека сепак можам да продолжам понатаму. Лебот наш насушен дај ни го денес.

-За што молеше сега?

-За леб – барем така вели молитвата, нели?

-Да, но леб за кого?

-За мене, секако.

-За тебе? Па ти не ми изгледаш неисхранет. Во секој случај мислам дека рече лебот наш насушен, а не лебот мој насушен.

-Јас знам дека ти ќе се погрижиш за гладните луѓе. – Господи.

-Кои луѓе?

-Сигурно си слушнал за Африка.

-Секако дека сум слушнал. Јас само тебе те искушувам. Па, ти знаеш дека милиони мои деца буквално умираат од глад. А ти, ако смеам да прашам, правиш за нив?

-Повремено давам по неколку денари.

-Гледам. Но можеш ли да направиш нешто повеќе, на пример можеш да помислиш на нив следниот пат кога ручекот нема да ти биде токму онаков каков што си сакал. Но, да ги оставиме за сега гладните луѓе и да се вратиме на тебе. Ти не си гладен, нели?

-Не, но….

-Па, што уште сакаш?

-Немој погрешно да ме сфатиш, Господи. Јас не приговарам. Благодарен сум на тоа што го имам, моето семејство, пријателите, одам во добро училиште.

-Продолжуваме тогаш понатаму.

-Се плашам што ќе кажеш. И прости ни ги долговите наши како што им ги проштаваме и ние на нашите должници.

-А што е со твојот пријател Марко?

-Знаев дека него ќе го спомнеш. Тој е виновен за тоа. Дознав дека ми се смеел зад грб и затоа се искарав со него.

-Но што е со твојата молитва?… Како што им ги проштаваме и ние на нашите должници?

-Но, Господи, биде разумен. Би излегол будала, ако се помирам со него. Всушност, размислувам како јас од него да направам будала, па нека види како е тоа.

-Значи ли тоа дека немаш намера да му простиш?

-Искрено, Господин, не можам да ти ветам.

-А од мене секогаш очекуваш да ти простам. Ти не сакаш да му простиш. Дали тоа е последно.

-Да последно.

-Ништо тогаш, оди на средба со твоите пријатели и не го троши залудно моето време.

-Не одам. Господи. Чекај малку! Дали си уште тука, Господи?

(нема одговор)

-Изгледа дека сум исклучен. Сакав само да кажам, Господи, дека би можеле некако тоа да го решиме.

-Можеби би можел да му простам, сепак, јас ќе му простам… Дали си тука Господи?

-Тука сум.

-Уф, Навистина за момент ме исплаши. Помислив дека си ме исклучил.

-Како што гледам, не сакаш да те исклучам.

-Секако дека не сакам.

-Гледаш, тоа е всушност тоа што ти го правиш кога не сакаш да простиш. Ти така ги одделуваш другите луѓе од себе, но така и себе си се одделуваш од мене. Луѓето кои одбиваат да простат тие го рушат мостот кој самите мора да го поминат. Па, сакаш ли да му простиш?

-Веќе му простив.

-Добро, продолжи со молитвата.

-И не воведи нѐ во искушение.

-Да.

-Знаеш ли дека ова секогаш ме насмева.

-Зошто тоа го рече Господи?

-Од две причини. Првата е ова: ако ме молиш да те сочувам од сите искушенија, тогаш ме молиш за невозможно. Тоа е исто како да ме молиш да го запрам дождот да не паѓа на тебе.

-Но ти можеш да ми помогнеш да ги совладам.

-Можам и сакам. Знаеш, искушенијата не се нужно лоши работи. Тоа е испит на твојата верност. Тоа е прилика за тебе за да можеш да растеш. Сакаш ли да ја знаеш и другата причина?

-Можно е веќе да сум ја слушнал, па имам чувство дека нема да ми се допадне.

-Кажи ми, кога сум ти јас потребен или било кој друг, сеедно, да те земам за рака и да те водам во искушение? Нели одиш ти во искушение без некој да те приморува на тоа, свесно, со отворени очи? Никој не те приморува да се служиш со измама додека решаваш тест, никој не те тера да гледаш некои ТВ програми за кои знаеш дека не би требало да ги гледаш… Треба ли да продолжам понатаму?

-Застани Господи. Доволно слушнав.

-Ти самиот се ставаш во состојба во која знаеш дека ќе бидеш искушуван, а после плачеш и молиш да ти помогнам. Кажи ми, дали тоа има смисла?

-Ме потсетуваш на момче кое не знае да плива, а упорно сака во вода која му е над главата.

-Јас мислам дека и мене сега водата ми е над глава.

-Не е, добро ти оди. Продолжи.

-Избави нѐ е од лукавиот.

-Лукавиот? На што мислиш?

-Понекогаш се чувствувам несигурно. Се грижам за многу… моите училишни обврски, моето семејство. Не би сакал ништо да му се случи на моето семејство. Детето на моите соседи умре во сон. На едно друго семејство детето им загина во сообраќајна несреќа.

-Продолжи.

-Нели можеш да спречиш да не се случуваат овие работи? Мислам, за тебе се претпоставува дека можеш да направиш што и да посакаш. И се претпоставува дека ги сакаш сите. Па како можеш тогаш да стоиш и да ги гледаш сите овие трагедии кои се случуваат?

-Во светот каде луѓето имаат слободен избор, во светот каде настаните се во меѓусебните односи, каде годишното време се менува, каде што сѐ расте и венее, каде што има плима и осека, ветрови, дожд, таму мора да има и страдања. Светот без страдања би бил свет каде луѓето не можат да ја покажат својата љубов низ храброста и пожртвуваноста. Кога ќе трпиш моли и верувај ми дека тогаш ќе бидам со тебе за да ти помогнам.

-Ти благодарам Господи, завршив. Ова е крајот на мојата молитва.

-Почекај малку. Се надевам дека нешто научи од овој наш краток разговор.

-О, да. Дознав каде сум згрешил додека ја молев ова молитва.

-Се навикнав само да ја промрморам, а не сум вистински размислувал ниту за еден збор кој сум го изговорил. Никогаш не сум размислувал дека мојата молитва би можела да биде делотворна. Можеби би било добро кога вакви разговори би водел со многумина кои ги познавам. Но, јас можам да ти гарантирам една работа, од сега повеќе ќе те слушам и барем од сега знам што ќе изговарам.

-Ти благодарам Господи. Се слушаме наскоро!

Превод:Д.И. по препорака на с. Клементина

За авторот