Развојот на науката на Црквата побудува согласување но и отпор

Развојот на науката на Црквата побудува согласување но и отпор

Во текот на 2000 години историја, Црквата развила наука која своите темели ги има во Светото Писмо, традицијата и живото учителство, и сѐ повеќе расте во интелигенцијата на верата.

Веста за промената на Катехизмот на Католичката Црква во врска со смртната казна поттикна жива расправа во целиот свет. Секој развој на науката во историјата на Црквата побудува согласување или конструктивни критики, но и отпор и одбивање. Денес може да го привлечат вниманието некои тврдења од апостолскиот поттик „Amoris laetitia“, или новата наука за смртната казна, но гледајќи назад, гледајќи накратко 2000 години христијанство се забележува дека многу работи се промениле и дека денес ги сметаме за прифатени. Меѓутоа останува фактот дека секоја промена може да поттикне на соблазна и збунетост.

Смртната казна во Библијата

Доволно е да се чита Библијата за да се сфати колкав пат е поминат. Денес сме запрепастени пред некои наредби кои Бог му ги дал на Мојсеј, како што опишува Светото Писмо. Во Левитскиот законик (20 глава) Господ наредува да се убијат идолопоклониците, прељубниците, содомистите, оскврнувачите на родот, а треба да се убијат и оние кои злоупотребуваат татко или мајка. Секако Мојсеј живеал пред повеќе од 3000 години и тие наредби се содржани во Стариот Завет. Но, на крајот на читањата секогаш кажуваме: Словото е Господово.

Доктринарен напредок во првите христијански заедници

Да помислиме на траумата која ја живееле првите христијани преобратени од еврејство. Колку храброст морале да имаат кога ги напуштиле темелните закони на својот народ, како што е обрезувањето. Колку требало отвореност на умот и духот за да се примат во Црквата погани што тогаш се сметало за недозволено. Петар – како што стои во Делата на светите апостоли – веќе го примил Светиот Дух, но сѐ уште тоа не го сфаќал.

Дури кога се нашол пред Корнилиј, римски стотник и пред неговото семејство, бил просветлен, и рекол: „Навистина признавам дека Бог не гледа на лице;  туку, кај секој народ оној, кој се бои од Него, и постапува правично, мил Му е. Он им го прати на синовите Израилеви словото, благовестувајќи мир преку Исуса Христа, Кој им е Господ на сите.“ Во неговите зборови „навистина признавам“ се наоѓа постепеното напредување во нашето спознание на Божјата вистина. Тоа е пат кој не завршува се додека трае историјата. Така расте интелигенцијата на верата.

Првите екуменски собори

Да се сетиме на патот на Црквата во првите екуменски собори, во утврдувањето на темелите на христијанската вистина, започнувајќи од Тројството и христолошките догми. Во тој перидо биле бројни борбите против ересите во знак на мотото „Extra ecclesiam nulla salus“ (нема спасение надвор од Црквата. Нема рај за некрстениете. Сепак малку по малку тој поим подлабоко се сфатил, како што вели декарацијата „Dominus Jesus“ која ја потпиша кардиналот Рацингер: „Во поглед на начинот на кој Божјата милост за спасние, која секогаш се дарува преку Христос во Духот и во таинственииот однос со Црквата, кога доаѓа до поедини нехристијани, Вториот ватикански собор се ограничува на тврдењето дека Бог им дава „патишта кои ги знае“. Уште подобро сфаќаме дека Бог сака да се спасат сите луѓе. (…)

Соблазнати од наука која се менува

Соблазната за развојот на науката го сокрива главниот проблем на верата. Законот кој не се менува дава сигурност и моќ на човекот кој на тој начин успева да го прилагоди своето верско однесување, но и да ги прилагоди потребите за божествените правила. Законот кој се менува ја одзема таа моќ и ја дава во рацете на Другиот. Таков бил големиот конфликт на Исус со фарисеите, Исус се поставил како жив Закон, додека фарисеите барале напишан и нем Закон кој би им помогнал да управуваат. Ако Законот е жив не престанува да зборува за новите работи и најмногу нѐ принудува на промена.

Тоа не ни се допаѓа, затоа што во секој од нас секогаш постои фарисеј кој се појавува со своите непроменливи причини. Напротив, Законот на Љубовта нѐ придвижува, нѐ поттикнува на постојано излегување од сопственото „јас“ кон „ти“. Тоа е постојано напредување во свеста за апосолутната вистина која е Бог, а Бог е љубов. А љубовта нѐ принудува заради другиот да се промениме. Она што е најубаво е тоа дека и Бог – Кој секогаш е ист вчера, денес и во векови – се применува од љубов кон нас; станува човек.

Ниту еден Петар нема да биде против Црквата

Оние кои го споредуваат Бенедикт XVI и Иван Павле II со папата Фрањо можат да се присетат на утешните зборови на папата Рацингер кои ги изговори на 27 мај 2006 година во Краков пред милиони млади. Тие млади кои пораснале во верата со папата Војтила, папата Бенедикт силно ги поттикна: „Не плашете се да го градите својот живот во Црквата и со Црквата! Бидете горди заради љубовта кон Петар и кон Црквата која му е доверена. Не дозволувајте да ве залажат оние кои сакаат да им се спротивстават на Христос и на Црквата! (…) Вие, млади добро го запознавте Петар во нашето време. Заради тоа не заборавајте дека ниту Петар кој гледа на нашата средба од прозорецот на Бог Отецот, ниту оној Петар кој сега стои пред вас, ниту ниеден следен Петар нема да биде против вас, ниту против градењето на трајниот дом на карпа. Уште повеќе ќе го вложи своето срце и двете раце за да ви помогне да го градите животот на Христос и во Хростос.“

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот