Радово: Со Света Литургија започна учебната 2017/2018 година

Радово: Со Света Литургија започна учебната 2017/2018 година

Во црквата Свети Пророк Илија во Радово на 17 септември 2017, неделната света Литургија беше служена за почеток на учебната 2017/2018 година, односно за сите ученици, студенти, образовни работници и родители од парохијата.

Литургијата ја предводеше отец д-р Зоран И. Стојанов, во сослужение на отец Трајче Ташев и отец Илија Стојанов.

Отец Зоран во својата проповед ги повика родителите, вероучителите и наставниците „на стрпливост кон младите генерации, зашто децата и младите еден ден сигурно ќе знаат да го ценат нивниот труд и напор…“

Учениците и студентите заедно со своите свештеници и наставници изведоа кратко молитвено претставување за важноста на образовниот систем во воспитниот процес на младата популација.

Светата литургија заврши со благослов за сите ученици, студенти, родители, верочутели, наставници, професори…

к.мк/Филип Стојанов

Категорија: Вести, Македонија

За авторот