Радово: Секое дете заслужува да биде ученик

Радово: Секое дете заслужува да биде ученик

На 1 септември 2020 година во црквата „Свети пророк Илија“ во Радово се молеше во намерение за подобрување на условите на децата во училиштата во Македонија и светот и за правото на секое дете каде и да се роди да има можност за школување и напредок во животот. Повеќето деца и млади кои се приклучија на дружењето и молитвата до црковниот двор дојдоа возејќи на велосипед, потсетувајќи ги надлежните дека имаме потреба од велосипедски патеки и подобрување на инфраструктурата.

Мотото на оваа манифестација е земено од Евангелието: „Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на Мојот Отец небесен“. (Матеј 18,10) И од зборовите на големиот отец Христофор Димитар Назов кој ја нагласува заложбата за важноста на мајката, велејќи: “Мајката мора да биде како квачка која ги собира своите пилиња, ги топли и храни“. Тој често со висок глас нагласувал – „Молете, молете заедно. Воспитувајте ги своите деца и молете со нив. За животот да ви биде поубав – љубете се!“

Парохот отец Зоран, нагласи дека на посебен начин оваа година ја молиме Марија од Назарет, за побргу нормализирање на ситуацијата и овогодишниот први септември да остане единствен кога училиштата се затворени за учениците.

Манифестацијата „Секое дете заслужува да биде ученик“, оваа година се одржа под специфични услови, во време на пандемијата Ковид 19.

Традиционалното заедничко возење на велосипед не се одржа, поради забраната на владата на Македонија за масовни собирања.

к.мк/Ф.С.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот