Радово: Процесија во чест на Марија од Назарет

Во сабота 3 октомври 2015 година во Радово се одржа процесија низ селото во чест на Марија од Назарет, предводена од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, придружуван од парохот о. д-р Зоран И. Стојанов и свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија. Процесијата започна од црквата „Свети Пророк Илија“ кон капелите Марија од Назарет и Блажена Мајка Тереза, а за време на процесијата се молеше Света Бројаница и се пееја црковни песни. На процесијата учество зедоа и бројни верници од Радово и други парохии.

Свеченоста продолжи во парохиската црква со света Литрургија, предводена од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, кој во својата проповед потсети на 1998 година кога статуата на Богородица од Назарет престојуваше во Радово, а потоа се осврна на дел од животот на Пресвета Богородица.

По завршувањето на светата Литургија богословот Спасе Спасов, национален коориднатор за Парохиски Каритас одржа предавање со презентација на тема: „Марија, прифаќајќи ја како Каритас“.

Свеченоста заврши со програма на младите од Радово, кои со запалени свеќи во дворот на црквата напишаа: Марија од Назарет.

к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.
Категорија: Македонија

За авторот