Радово: Отец Георги Ангелов прослави 60 години свештенство

Радово: Отец Георги Ангелов прослави 60 години свештенство

На 12 мај 2019 година во парохиската црква „Свети пророк Илија“ во Радово, Н.В.П. монс. – др Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх во заедништво со епископот од Стенфорд, Павло Хомницки и свештеници од Струмичко- скопската епархија служеше света архиерејска Литургија по повод 60 години од свештенството на отец Георги Ангелов. На светата Литургија сослужуваа и протереј ставрофор Кирил Ангелов, син на отец Георги Ангелов и о. Кирил Манолев, свештеници од Радово, кои се во служба на Стенфордската епархија.

Во својата проповед епископот Стојанов се осврна на свештеничкиот живот и делувањето на о. Георги Ангелов, но исто така спом8663на за милостите од посетата на папата Фрањо во Скопје.

За време на Литургијата епископот Стојанов на јубилантот о. Георги Ангелов му подари надграден крст, како признание за неговата 60 годишна свештеничка служба.

На крајот од светата Литургија епископот на Стенфорд, Павло Хомницки му го честита јубилејот о. Георги Ангелов и му додели признание од Стенфордската епархија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот