Радово: Октомври месец на Светата Бројаница

Радово: Октомври месец на Светата Бројаница

Христовата Црква на посебен начин на светата Богородица и ги посветува – месец мај и месец октомври. Месеци кои меѓусебно се потполно различни во астрономската година: мај месец на нашата Небесна Царица, кога сѐ е во подготовка, исчекување и расцветаност и месец октомври на Царицата на светата. Бројаница кога се е созреано, се собира и во обилна подготовка за зимскиот период кој е пред нас.

Во октомври го светуваме празникот Марија Царица на светата Бројаницата, кој е воведен во Црквата уште во 1573 како спомен ден на славењето на победата на христијанските војски на Шпанија, Венеција и Папската држава над Отоманската војска во Лепанто на Јонското море (во Коринтскиот залив), битка која се одвивала во 1571, а за ден на одбележување е прогласен 7 октомври.

Седмичен распоред во парохијата “Свети пророк Илија”во Радово за октомври, месецот на СВЕТАТА БРОЈАНИЦА:

Во Недела – за слава Божја

-Понеделник – за Црквата Христова:

за Светиот Отец Папата – Фрањо

за нашиот епископ – Киро

Вторник – за парохијата и свештениците

Среда – за семејството

Четврток – за духовни звања

Петок – за покојните од семејствата и душите во чистилиштето

Сабота – за неродените деца и изгубените души

За оние кои можат да дојдат во храмот Божји во – недела, четврток и сабота ќе молиме заеднички во парохиската црква, останатите денови се препорачува фамилијарно молење со намеренијата кои се дадени за целата парохија. Кога семејството не е во можност да се собере и моли заеднички се препорачува секој поединечно да моли.

к.мк

За авторот