Радово: Молиме Света Бројаница

Радово: Молиме Света Бројаница

Во парохијата „Свети пророк Илија“ во Радово во текот на месец октомври, Месецот на Светата Бројница, ќе се моли Света Бројаница според следниот седмичен распоред и накани:

– Недела – за слава Божја

-Понеделник – за Црквата Христова:

                               – за Светиот Отец Папа – Фрањо

                               – за нашиот епископ – Киро

Вторник – за парохијата и свештениците

Среда – за семејството

Четврток – за духовни звања

Петок – за покојните од нашето семејство и душите во чистилиштето

Сабота – за неродените деца и изгубените души

За оние кои можат да дојдат во храмот Божји во – недела, четврток и сабота ќе молиме заеднички во парохиската црква, останатите денови се препорачува фамилијарно молење со намеренијата кои се дадени за целата парохија. Кога семејството не е во можност да се собере и моли заеднички се препорачува секој поединечно да моли.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот