Радово: Мајска Набожност пред капелата на “Света Мајка Тереза”

Радово: Мајска Набожност пред капелата на “Света Мајка Тереза”

Во сабота на 19 мај 2018, Мајската Набожност наместо во црквата „Свети пророк Илија“ се служеше пред капелата на Света Мајка Тереза. Капелите посветени на Марија од Назарет и Мајка Тереза во Радово се неколку пати званично посетени преку годината за некоја посебна прилика, а заедно со парохиската црква свети пророк Илија во Радово се омилени места за молитва и средба на верниците.

Мајската набожност овој пат беше збогатена со посебни молитви во склопот на Тридневницата која се моли во Радово во пресрет на осветувањето на црквата „Мајка Божја Утешителка“ во Паљурци, во недела на 20 мај. Молебенот во чест на Пречиста Дева Марија во присутво на другите свештеници, чесните сестри и многу верници од различни генерации пред капелата на Света Мајка Тереза го предводеше парохот д-р Зоран И. Стојанов, со пригодна проповед.

Отец Зоран во словото искажано по читањето на Евангелието, зборувајќи за изразот “ентузијазам” како “божествена инспирација”, истакна: „Ентузијазмот ги одалечува потешкотиите, ги надминува пречките, ги отвoра вратите, ги исполнува срцата, ги отстранува страданијата и жалостите, секогаш повеќе нѐ приближува до Евангелието до пораката на Исус.

Луѓето исправени пред песимизмот и разочарувањата имат потреба од верници кои го пренесуваат ентузијазмот.

Ентузијазмот за животот е една основна вредност. Зошто? Затоа што човекот ентузијаст дејствува преку една внатрешна сила и е како анимиран од божествени сили кои го прават среќен и задоволен…“

к.мк/Наталија Стојанова

Категорија: Вести, Македонија

За авторот