Радово: Дружење преку спорт и молитва

Во парохијата свети Пророк Илија во Радово, се одвива мошне активен подготвителен период пред празникот на Светата Евхаристија и Првото причастие кое ќе биде во недела на 22 јуни. Покрај сите секојдневни средби во црквата и црковната сала на Првопричесниците со вероучителите и нивните родители, деновиве се одржа турнир во кошарка и влечење со јаже за децата од основното училиште. Иста така беше организирано патување до Паљурци и Дојран со дел од министрантите и девојчињата кои во црквата ја предводат светата Боројаница преку годината. Како и на сите натпреварувања така и на турнирот во црковниот двор во Радово имаше победници и повеќе и помалку успешни екипи, но најмногу имаше задоволство од дружењето и заедништвото.1876_2

Првото Причастие во Радово ќе биде во недела на Архиерејската св. Литургија во 10 часот која ќе ја предводи Н.В.П. д-р Киро Стојанов. Пред светата Литургија се влегува во црквата со процесија, која заедно со свештениците и министрантите ја сочинуваат –  првопричесниците и нивните родители, а Литургијата се завршува со процесија со светото Причастие околу црквата со застанување на четирите олтари кои ќе бидат подготвени на сите четири страни на храмот. Отпустот и благословот со светото Причастие се дава на олтарот на Јубилејниот крст, кој е поставен и благословен во 2000-та година во дворот.

з.и.с.

1876_1

Категорија: Македонија

За авторот