Радио Марија започнува со преноси на свети Литургии од Радово

Радио Марија започнува со преноси на свети Литургии од Радово

Радио Марија во соработка со парохија „Свети Пророк Илија“ Радово во текот на месец февруари 2022 година ќе врши директни преноси од светите Литургии и тоа во следните денови: вторник, четврток, сабота и недела.

Светите Литурии ќе бидат предводени од парохот о. д-р Зоран И. Стојанов, о. Трајче Ташев – капелан и о. Илија Стојанов – капелан. Преносите ќе се реализираат со техничка поддршка на волонтери од Радово

Преносите ќе можете да ги следите на фреквенцијата на Радио Марија во Струмица 106.50 MHz, преку интернет на линкот: www.radiomarija.mk, како и преку апликацијата на Радио Марија Македонија, која можете бесплатно да ја симнете од Play Store.

Распоред преносите

Вторник, со почеток во 18.00 часот

Четврток со почеток во 18.00 часот

Сабота со почеток во 8.00 часот

Недела, со почеток во 9.30

(к.мк)

Категорија: Вести, Македонија

За авторот