Радио Марија започнува преноси на свети Литургии од Нова Маала

Радио Марија започнува преноси на свети Литургии од Нова Маала

Радио Марија во соработка со парохија „Успение на Пресвета Богородица“ Нова Маала од 30 ноември па сѐ до крајот на месец декември 2021 година ќе врши директни преноси од светите Литургии и тоа во следните денови: вторник, четврток, сабота и недела. Светата Литургија ќе ја предводи о. Спасо Ристов, кој воедно за време на светата Литургија ќе има проповед, а преносите ќе се реализираат со техничка поддршка на волонтери од Нова Маала – стои на интернетската страница на радиото.

Преносите ќе можете да ги следите на фреквенцијата на Радио Марија во Струмица 106.50 MHz, преку интернет на линкот: www.radiomarija.mk, како и преку апликацијата на Радио Марија Македонија, која можете бесплатно да ја симнете од Play Store

Распоред преносите

Вторник, 30 ноември 2021 година – пренос на Света Литургија од Нова Маала со почеток во 18.00 часот

Четврток 2 декември 2021 година – пренос на Света Литургија од Нова Маала со почеток во 18.00 часот

Сабота 4 декември 2021 година – пренос на Света Литургија од Нова Маала со почеток во 8.00 часот

Недела, 5 декември 2021 година пренос од Нова Маала:

8.30 – Света Бројаница

9.00 – Света Литургија

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот