Радио Марија: Духовно поклонение „Твојот народ на пат“

Радио Марија: Духовно поклонение „Твојот народ на пат“

Светското семејство на Радио Марија ја поттикна иницијативата „Твојот народ на пат“ сакајќи да испрати силна порака во 2021 година вдахновена од повикот на Богородица за пост, молитва и правење добри дела. Радио Марија Македонија исто така се вклучи во оваа глобална иницијатива.

Духовното поклонение Твојот народ на пат се состои од три настани и седум поклонички места, од кои ќе се моли според следниот редослед:

1.Света Бројаница од седум поклонички места

-25 март – Назарет / Израел;

-13 мај – Фатима / Португалија;

-25 јуни Меѓугорје / Босна и Херцеговина;

-26 јули – Гора Кармил / Израел;

-27 октомври – Помпеја / Италија;

-28 ноември – Кибехо / Руанда;

-29 декември – Гвадалупе / Мексико

2.Денови на пост и молитва секој прв петок во месецот (5 февруари до 3 декември 2021 година): Пост на леб и вода, секој момент во тие денови да се искористи за молитва. Посебно навечер молење Света Бројаница со семејства, која ќе биде посветена по наканите на Богородица, со цел наскоро да се оствари триумфот на Нејзиното Безгрешно срце.

3.Денови на споделување и солидарност: Во мај – Маријатон 2021

Ве покануваме да се придружите на ова духовно патување и да го охрабрите своето семејство и пријателите и духовно да ги подготвите за поклонението Твојот народ на пат, кое ќе трае цела 2021 година“.

Радио Марија ве повикува да се придружите со вашите молитви на ова духовно поклонение

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот