Прославен празникот Рождество Христово во Петралинци

Прославен празникот Рождество Христово во Петралинци

На 6 јануари 2020 година во вечерните часови со свечена света Литургија беше прославен празникот Рождество Христово во парохијата „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци. Во присуство на голем број верници од парохијата, светата божиќна Литургија ја предводеше парохот о. Горге Појразов, кој за време на проповедта ја пренесе божиќната порака на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх.

На крајот од божиќната света Литургија децата од парохијата со божиќна приредба им го честитаа Божиќ на присутните верници. По завршувањето на приредба на сите деца им беа поделени божиќни пакетчиња. Исто така младите и децата од парохијата во црковниот двор направија божиќна пештера прикажувајќи го настанот за Христовото Раѓање.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот