Прославен празникот Рождество Христово во Петралинци

Прославен празникот Рождество Христово во Петралинци

На 6 јануари 2019 година во вечерните часови со света Литургија беше прославен празникот Рождество Христово во католичката парохија „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци.

Во присуство на голем број верници, светата Литургија ја предводеше парохот о. Горге Појразов, кој ја прочита божиќната порака на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх.

На крајот од Литургијата децата од парохијата со божиќен рецитал им го честитаа Божиќ на сите пристуни верници, а по завршувањето на децатаа им беа поделени новогодишни пакетчиња.

За прославата на празникот Рождество Христово верниците се подготвија со молење на Деветница за празникот Рождество Христово. Исто така младите од парохијата во дворот на црквата направија витлеемска пештера прикажувајќи го настанот на Рождеството Христово.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот