Прославен празникот на Пресветата Евхаристија во Гевгелија

Гевгелија, 8.7.2013 /к.мк/ – Во недела 7 јули во парохијата свети Петар и Павле – Гевгелија помина во знакот на Пресветата Евхаристија. По тој повод во Црквата се служеше света Литургија, на која отец Димитар Ташев во својата проповед ја истакна важноста на Евхаристијата во нашиот живот. Во попладневните часови во Црквата имаше Обожавање на Пресветата Евахристија, при што се молеше за разни потреби на верниците и Црквата. Поради врнежливото време изостана процесијата со светата Причест. На обожавањето се приклучи група млади од Нова Маала, заедно со парохот о. Спасо Ристов.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<