Прославен патрониот празник Свети Никола во Секирник

Со света архиерејска литургија, која ја предводеше Н.В.П. монс. Д-р Киро Стојанов и во сослужение на повеќе свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија, свечено беше прославен патрониот празник и заштитникот на црквата „Светиот Никола“ во Секирник.

Епископот Стојанов во неговата проповед посебно ја истакна важноста, секогаш да се помага, бидејќи преку делата христијанинот ја искажува својата вера кон Бога.

На светата Литургија покрај верници од Секирник присуствуваа верници и од други места.

После светата Литургија од страна на верниците од Секирник беше приготвено заедничко агапе и во црковната сала имаа можност да си разменат некој збор.

о. Ѓорги Динов

Категорија: Македонија

За авторот