(Видео) Прославен патрониот празник на црквата Свети Иван Крстител – Струмица

На 7 јули 2016 година во попладневните часови на празникот Раѓање на свети Иван Крстител со света Литургија парохиската црква Свети Иван Крстител – Струмица го прослави својот небесен заштитник. Светата Литургија во сослужение на повеќе свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија ја предводеше о. Димитар Ташев, парох во црквата Свети Петар и Павле во Гевгелија кој одржа и пригодна проповед.

Во проповедта тој се осврна на животот на свети Иван Крстител истакнувајќи ја неговата скромност, понизност и улогата на претеча кој го навестувал Спасителот на светот.

На крајот од светата Литургија парохот о. Гоце Костов им се заблагодари на свештениците за нивното присуство и ги покани верниците во црковниот двор на агапе, организирано од парохјаните на чело со црковниот одбор.

Во склоп на прославата на патрониот празник на парохијата, во предвечерието на празникот се служеше Вечерна богослужба и света Литургија во утринските часови.

За прославата на патрониот празник на парохијата верниците се подготвуваа со Деветница до свети Иван Крстител.

к.мк/Георги Ангелов

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот