Прославен патрониот празник на црквата во Штип

По повод патрониот празник на Католичката црква „Свето Благовештение“ во Штип, на 25 март се служеше свечена Света Литургија, која ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски Бискуп и Апостолски Егзарх во Македонија, кој со својата пригодна проповед ги збогати присутните верници.

На Светата Литургијата сослужуваа повеќе свештеници од Апостолскиот Егзархат во Македонија, кои со своето присуство и молитви ја збогатија свеченоста на овој патронен празник.

Католичката Црква во Штип беше полна со верници, како од самата парохија, но и со верници кои организирано дојдоа со своите пароси од другите парохии.

По завршувањето на свечената Светата Литургија верниците од Католичката Црква ˮСвето Благовештениеˮ заедно со својот парох о. Тони Ангелов организираа заедничко дружење, каде ги почестија гостите и се задржаа во заедништво.

Пред Светата Литургија се молеше Света Бројаница и Литанија до Пресвета Богородица, а на крајот беше заеднички измолена молитвата во Година на Семејството. Светата Литургија беше директно пренесувана преку „Радио Марија Македонијаˮ.

к.мк/о.Т.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот