Прославен патрониот празник на црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци

На 24 мај 2014 година на празникот на рамноапостолите свети Кирил и Методиј во Петралинци се служеше свечена света Литургија по повод патрониот празник на истоимената парохиска црква. На светата Литургија, покрај парохот о. Ѓорги Појразов, присуствуваа и свештеници од околните парохии, додека пак пригодна проповед одржа о. Ѓорги Динов, парох во Секирник. Во својата проповед тој потсети за делото на светите браќа.

Покрај верниците од Петралинци на светата Литургија присуствуваа и верници од други парохии, како и сестрите Евхаристински од Струмица и Нова Маала.

Прославата на патрониот празник заврши со заедничко агапе во парохиската сала.

К.мк+о.Ѓ.П.

 

Категорија: Македонија

За авторот