Прославен патрониот празник на црквата Свето Благовештение во Штип

По повод патрониот празник Благовештение, на 25 март во Католичката црква „Свето Благовештениеˮ – во Штип се служеше свечена света Литургија, која ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија кој во својата пригодна проповед  духовно ги збогати присутните верници.

Покрај бројните верници од парохијата во Штип на светата Литургија присуствуваа и повеќе свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија, како и со верници од други парохии кои заедно со своиоте свештеници организрано ходачастеја во Година на семејството.

На крајот од светата Литургија се молеше молитвата наменета за Година на Семејството и Литанија до Пресвета Богородица. На самиот крај од светата Литургија Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов се заблагодари на сите свештеници, чесни сестри, градоначалникот на општина Штип м-р. Илчо Захариев и сите верници за нивното присуство на ова Евхаристиското славење.

По завршувањето на светата Литургија верниците од Католичката Црква „Свето Благовештениеˮ – Штип заедно со својот парох о. Тони Ангелов организираа дружење, на кое ги почестија присутните по повод патрониот празник.

о. Тони Ангелов

Категорија: Македонија

За авторот