Прославен патрониот празник на црквата во Петралинци

Прославен патрониот празник на црквата во Петралинци

Во четврток, 24 мај 2018 година на празникот на словенските апостоли и просветители светите Кирил и Методиј во истоимениот католички храм во Петралинци, со свечена света Литургија, која ја предводеше парохот о. Ѓорѓи Појразов беше прославен патрониот празник на парохијата.

На светата Литургија присуствуваат свештеници од Апостолскиот егзархат, чесни сестри Евхаристинки и верници покрај од Петралинци и од блиските парохии.  Проповед одржи о. Ристо Самарџиски, капелан во катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ Струмица, кој зборуваше за животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј и поттикна да се угледаме на пожртвуваноста и истрајноста на светите браќа, тие да ни бидат пример како меѓу луѓето да ја шириме Христовата вера и да го славиме Христовото воскресение.

На крајот од светата Литургија парохот о. Ѓорѓи Појразов се заблагодари на Господ Бог, а потоа изрази благодарност и до браќата свештеници кои со своето присуство ја збогатија прославата на небесните заштитници на католичката парохија во Петралинци, посебно до о. Ристо Самарџиски за проповедта.

Прославата заврши со заедничко агапе во парохиската сала, за чија организација се погрижија верниците од парохијата.

На прославата на патрониот празник на парохијата „Св. Кирил и Методиј“ во Петралинци  претходеше тродневница.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот