Прославен патрониот празник во Радово

На патрониот празник на парохијата „Свети Пророк Илија“ – Радово, 2 август 2014 година, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија служеше света архиерејска Литургија во истоимената црква. Покрај парохот, о. д-р Зоран Стојанов сослужуваа и голем број свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија.

Во својата проповед монс. д-р Киро Стојанов се осврна на болниот факт што се случува, а тоа е опасноста од релативизмот и секуларизмот, (…) кој кога тогаш ќе тропне и на вратата на нашите семејства. (на линкот можете да ја прочитате во целост проповедта на монс. д-р Киро Стојанов)

При крајот од светата архиерејска Литургија, о. д-р Зоран Стојанов заблагодари на епископот Стојанов за неговото присуство и за убавата проповед и повика на молитва за 100 годишниот Јубилеј кој го слави Радово.

Свеченоста заврши со благослов на заедничкиот ручек – Агапе, кој беше подготвен од одборниците на црквата Свети пророк Илија.

к.мк/2031

Категорија: Свет

За авторот