Прославен патрониот празникот на капелата во Велес

Во недела, 6 декември 2015 година, со свечена Евхаристија која ја предводеше скопскиот парох и декан дон Давор Топиќ, е прославен патрониот празник на капелата воп Велес, која припаѓа на Скопската катедрална парохија.

Во својата проповед дон Топиќ, врз основа на библиските читања зборуваше за тајната на Богородичиното безгрешно зачнување. Воедно тој го најави Јубилејот на милосрдието и ја објасни смислата на овој јубилеј.

После светата Литургија заедништвото е продолжено со заедничко агапе. Посебна радост беше празникот свети Никола, а по тој повод сите присутни деца добија прогидни поклони.

 к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот