Прославен Божиќ во Скопје

Во црквата „Свети Јосиф“ на Битпазар свечено беше прославен најрадосниот празник Рождеството Христово, според јулијанскиот календар. Во 21,00 часот започна со Големо Повечерие со Литија, а по завршувањето се продолжи со свечената Божикна Литургија. Во својата проповед о.Марјан Ристов на присутните им ја навести радосната вест која ангелите на витлеемските пастири им ја соопштија за раѓањето на Спасителот на светот – Исус Христос и ги повика радоста која ја навестија ангелите да ја поделат со денешните несреќни луѓе, вест која ние ја добивме од „Предвечниот Бог, кој слезе од небесата денес, за да го спаси сиот народ“. Исто така им ги пренесе честитките по повод големиот празник Рождество Христово од Н.В.П. монс. Киро Стојанов, Скопски епископ и Апостолски егзарх во Македонија. По завршувањето на светата Литургија сите беа миросани со елејот кој беше благословен за време на Големото Повечерие.

о.М.Р.

Категорија: Македонија

За авторот