Пророчки зборови од сестра Луција

„Последната борба помеѓу Господ и власта на сатаната ќе се води за бракот и семејството“. Оваа реченица стои во едно писмо, кое сестра Луција дос Сантос, една од очевидиците на укажувањето во Фатима го има напишано до кардинал Карло Кафара, надбискуп во Болоња. Блогот Rorate caeli објави делови од интервјуто, кое кардиналот го даде во март 2008 година за италијанското списание Voce di Padre Pio.

Кафара доби задача од светиот папа Иван Павле II да го основа Папскиот институт за брак и семејство, чиј што претседател беше токму кардинал Кафара од 1981 до 1995 година. Откако ја презеде таа задача, тој во едно писмо ја замоли сестра Луција да моли за новиот Институт. Во писмото, во кое сестра Луција одговори стои воведен цитат: Секој, кој се залага за светоста на бракот и семејството, во секој поглед ќе му се спротивставуваат и ќе биде отфрлен, бидејќи токму тоа е одлучувачкото прашање“, пишува сестра Луција.

Папата Иван Павле II исто така оваа тема ја сметаше за многу важна, се потсетува Калфара. Прашањето за светоста на бракот и семејството допира до темелите на созданието, односот меѓу мажот и жената меѓу генерациите. Ако основниот темел се уништи, се руши целата зграда, го цитира кардинал Калфара папата Иван Павле II.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Кат нет/го*ко

Категорија: Свет

За авторот