Проповед на папата Фрањо: Да не бидеме лицемерни христијани

Потребно е да се бориме против „синдромот на Јона“ кој нѐ води кон лицемерие и уверение дека за спасение доволни се нашите дела – рече папата Фрањо на светата Литургија на 14 октомври во капелата на домот Света Марта.

Денешната проповед Папата Фрањо ја заснова на два клучни израза – синдромот на Јона и знакот на Јона. Исус во Евангелието зборува за зол род. Силен е тој збор – забележа Папата –но, тој не се однесува на народот кој го следи Исус со толку љубов, туку на книжниците кои го барале за да го искушуваат за да го фатат во лага. Тие истите од Исус барале знак – рече Светиот Отец – но Исус и одговорил дека нема да видат друг знак освен знакот на пророк Јона.

Сепак – рече Папата – освен знакот на Јона постои и синдромот на Јона. Господ сака да го испрати Јона во Нинива, а тој откажува. На Јона му било јасно – рече Папата – науката е таква и вака треба да прави и тоа треба да го направиш, грешниците нека се снајдат, јас отидов. Оние кои го живеат овој синдром на Јона, Исус ги нарекува лицемери бидејќи не сакаат спасение за сиромасите, незнабошците и грешниците – забележа Папата и продолжи:

„Синдромот на Јона“ не се залага за спасение на народот, туку тежнее кон едно – си дозволувам да кажам – обоена светост – со својата убавина, добро конструирано, но на која и недостига ревност за проповедање на Господ – рече Светиот Отец. Господ пред родот кој боледува од овој синдром, го ветува знакот на Јона. Затоа Исус е против лицемерите; против „совршена религиозност“ и спротивно на ставот на една група фарисеи, го дава знакот на својата смрт и воскресение! – рече Папата и додаде дека параболата за фарисејот и цариникот одлучно го опишува овој став. Фарисејот е сигурен во себе и му благодари на Бог што не е како цариникот, кој пак ги признава гревовите и го моли Бог да му се смилува. Еве го всушност знакот кој Исус го ветува: милосрдие, како плод на неговата смрт и воскресение – нагласи Папата – бидејќи милосрдието му е мило, а не жртвата.

Вистинскиот знак на Јона е оној кој ни дава доверба дека сме спасени по Христовата Крв – рече Папата и додаде дека многу христијани мислат дека ќе се спасат поради делата што ги прават. Делата, секако, дека се потребни, но како последица или одговор на милосрдната љубов која нѐ спасува. Самите дела без таа милосрдна љубов, не служат никому. „Синдромот на Јона“ се темели само на сопствената исправност и на сопствените дела – рече Светиот Отец и додаде дека Исус говори за кралицата од Сабе – поганка – која е именувана за судија над корумпираните генерации, бидејќи таа во својот немир сепак ја барала Божјата мудрост. „Синдромот на Јона“ всушност нѐ доведува до лицемерие; до самоволност; нѐ води кон тоа да бидеме чисти христијани бидејќи ги вршиме заповедите и се што е потребно – рече Светиот Отец и додаде дека тука станува збор за крупна болест. Знакот на Јона е Божјото милосрдие во Исус Христос, Кој за нас и за нашето спасение умре и воскресна.

Осврнувајќи се на крајот на денешното прво читање, папата Фрањо истакна дека Павле за себе кажува дека како апостол станал не заради тоа што студирал, туку заради повикот, а на христијаните им вели „вие сте повикани од Исус Христос“. Знакот на Јона нѐ повикува да го следиме Господ – сите сме грешници – го следиме, во кроткост и понизност.

Папата на крајот на проповедта истакна дека постои повик, но и избор, определување. Да ја искористиме денес ова литургија да се запрашаме и да направиме избор: „Што ми е драго: Синдромот на Јона или знакот на Јона?“ поттикна Папата.

Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот