Проповед на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов на празникот Мајка Божја Лурдска во Струмица

Драги браќа и сестри, Го славиме објавувањето на Блажена Дева Марија во Лурд. Познато ни е дека Мајка Божја 18 пати се објавила на св. Бернадета. На честото и помалку досадно однесување на парохот малата светица постојано го поставувала истото прашање до Марија: Како ти е името? На Благовештение при 16 објавување Мајка Божја рекла ја сум Безгрешно зачната.

Литургијата не води до самите почетоци на нашето постоење. Во празнувањето на оваа таинство како да го допираме Таинството на човечката трагедија но и човечкото спасение. Авторот на Библијата многу будно го опишува тоа во третата глава на Книгата Битие. Драма на гревот и пад на човекот. Боголико создание, пријател Божји, слава Божја, круна на создавањето – човек – го врти својот поглед а и своето срце од својот Создател. Наговорен од Лошиот се даде да биде измамен и поверува на лажните ветувања да може да биде повеќе и поголем од тоа што е а беше носител на Божјата слика во создадениот свет. Кога го сврти своето лице од лицето Господово неговото лице се нашло во сенка во темнина и од таа темнина ја созна својата голотија, својата преодност, својот пад, со еден збор својот ориентир на животниот пат кој би водел во среќа. Драги браќа и сестри, секој од нас возрасните сме го имале тоа исто искуство кога некое лажно ветување ни се сторило привлечно, кога некое прекривено зло не направило слепи мислејќи дека стварно е вистина и доброта. Таа драма која е опишана во почетокот на постоењето на човекот трае и денес. Судир на добро и зло, светлина и темница и денес се случува и не предизвикува на одговор. Како некогаш нашите прародители и ние денес – нивни потомци –сме поставени и тоа многу често пред ист предизвик кој што не можеме туку така да го поминеме а да не одговориме, а тој предизвик е: да се свртиме кон Бога или да се оттргнеме од Бога. Да, Твоето лицето го барам Боже и не можам да се смирам додека не го видам. Како што секоја копија тежи кон својот оригинал колку повеќе созданието кон својот Создател и човекот кон Бога. О, какви ли маки во нашиот живот која ли е постојана борба да се чекори кон светлината, борејќи се против темнината. Да, ќе беше тоа историска трагедија за човечкот да Господ Бог не се свртеше со своето лице за човекот бегалец и не го побараше неговото лице. Не отиде само по него туку стана еден од потомците Адамови и така ни овоплоти лице Божјо во овоплотениот Исус Христос кој е Бог од Бога, Светлина од Светлина, вистински Бог од Бога вистински, роден, несоздаден. Тоа е тој чудесен Божји план да за Себе не избра пред создавањето на светот да бидеме свети непорочни пред Него, во љубовта не предодреди за деца, за себе, според Исус Христос, да според добрината на својата волја, на својата благодат која не засака во Саканиот, да бидеме на пофалба и слава Негова. Така денешното таинство е нурнување во Таинството на Божјиот спасителен план да човекот кој го создаде како врвно создание, а го создаде на своја слика да му биде сличен во чинот на Откупување го направи поголем бидејќи нарушената слика на созданието ја преобрази во стварност на Божјото синовство. Така од созданието станавме деца и наследници Божји и наследници на благодатта.

Апостолот не учи дека преку еден човек влезе гревот во светот и преку еден човек – новиот Адам – дојде спасението. Но, и во едниот и во другиот случај стои една жена. При влегувањето на гревот во светот стои мајка на живите – Ева, заведена и заводничка. Како мажот и жената се едно тело така гревот го рани тоа заедништво и затоа носителот – преносител – човекот сфатен како маж и жена. И сите ние кои потекнуваме од нив сме отпечатени со последицата на тој грев кој по својата природа води во смрт и товар во животот. Од друга страна веќе на почетокот на спасението во ветувањето стои една жена – нова Ева – Марија, Дева од Назарет. Извонредно средство во Божјите раце, како што гревот влегува преку непослушноста од еден, така милоста се враќа преку послушноста на друг. Така непослушноста на Ева раѓа грев а послушноста на Марија раѓа спасение. Едната е носителка на смртта, иако името и е Мајка на сите живи, а другата е носителка на животот Мајка на Спасителот и сите спасени. Влегувајќи во Таинството на овој настан допуштено ни е да ја откриеме Божјата замисла за човекот, неговото спасение, како тоа го опишува посланието до Евреите. Апостол Павле исто така поучува дека Бог со гревот ги направи сите за да на сите се смилува. Бог не е зачетник на гревот туку зачетник на спасението. Тој е Создател кој љуби сè што создал и затоа е Спасител бидејќи сака кон целосно спасение да ги доведе сите што ги создал. Таинството на Безгрешната не доведува во центарот на набљудувањето: Жена облечена во Сонце, крунисана со Ѕвезди, која го носи новиот Адам победникот кој со својата смрт ја уништува смртта а со воскресението го враќа животот. Со тоа таинство, можеме слободно да говориме за другото создание. Тоа не е поправка на првото создание туку тоа е сосема нов зафат на Создателот во живот на создавање дарувајќи му сосема нов живот. На почетокот на тој нов живот, ново создавање стои и ново творење – Марија. Кога зборуваме за нејзиното зачнување тогаш имаме трајно пред себе факт на ново создание. Бог во својата милост создава ново човештво кое треба да биде родено од смртта и воскресението на новиот човек Исус Христос. Таа личност која на Богочовекот во часот на Воплотението ќе му даде тело од своето тело и крв од својата крв мора да биде и ќерка на оваа човештво. Адамовото потекло, да, но не и носителка на Адамовата вина и одвраќање од Божјото лице што е наследство на Адамовиот грев. Таа е изземена од наследноста од вината Адамова да во целост како ќерка на оваа земја даде живот на вечниот Бог кој е по неа зачнат во времето и роден во времето но Бог од вечноста кој станува Син на една жена Марија и со својата смрт на крстот и своето воскресение донесува ново човештво. Знам дека тајната на овој Божји недостижен план ги надминува нашите граници, но, сепак, Бог не сака да не исклучи од размислувањето и разбирањето на Неговиот однос кон нас. Затоа ни го објави и оваа таинство на Безгрешната Дева како неверојатно но,сепак, вистинска Божја логика во однос на човекот. Исус станува наш брат во дословна смисла на зборот кој во исто време е и наш Спасител. Станува наш да и ние по Него бидеме Негови. Што тоа, драги браќа и сестри, конкретно значи за нашиот живот и како заедница и како личност? Најнапред сме благодарни со сето свое битие на Бог Создателот што сме повикани од ништо да станеме Негова слика – човек кој е слава Божја во овој свет. Потоа сме благодарни што сме по милоста на спасението во Него, во кого и нас не предодредени според замислата на Оној кој сè изведува според одлуката на својата волја во делот на паѓањето да бидеме на фала и слава Негова, ние кои веќе и порано сме се надевале на Христос. Конечно, овој ден не повикува на ново и секој пат ново доживување на својот повик и послание во светот во кој живееме се движиме и сме. Време кое не опкружува е време на големи раскрсници. Изгледа дека се урнати сите вредности кои до неодамна раѓаа маченици, херои и светци. Христијанството во наше време е повикано на решителен чекор: да се биде или не биде. Не смееме да се лажеме на никакво минато и да градиме само на него бидејќи гледаме повеќе од било кога преодност на овој свет и сите негови вредности. Повеќе од било кога ја среќаваме моќта на заводникот кој и сега има иста метода го одвраќа лицето на човекот од лицето на Бога. Го среќаваме човекот кој е карикатура и ранета искривена Божја слика. Скитник и барател во темнината на преодниот и обесчестен свет. Христијанинот денес е повикан и надворешно да биде сосема јасен знак имено исполнување на онаа надеж која Бог на самиот почеток ја ветил: и ќе ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Тој ќе ти ја смачкува главата, а ти ќе го каснуваш по петтата (Битие 3, 15). Да, секој верник е воздигнат знак на тоа ветување на таа надеж и таа победа. Не постои повеќе обредни христијани, не постојат повеќе декларативни христијани денес постојат само христијани сведоци. Тоа не исклучува отвореност на христијанството да се обратат кон отпаднатите, изгубените, напуштените и грешните но треба да им се обратат како Марија во навестувањето. Да го отвориме своето срце, утробата на Божјото слово, со својата соработка и одговор да овозможиме да и Словото стане Тело и така Исус по нас и денес Воплотен биде носен во Горје тешејќи и навестувајќи Исуса единствениот Спасител.

На посебен начин Исус е Спасител на вас болните и страдалниците бидејќи со своето овоплотување а пред сè страданието и смртта ве направи сите вас наследници на својата благодат. Од тие страдања не ја поштеди ни Безгрешна Дева Марија зашто и нејзиното срце беше прободено од мечот на болката.

Драги браќа и сестри, молејќи и славејќи го Бога да го замолиме да тој ни помогне да ја разбереме Божјата спасителна порака. Амин.

За авторот