Промоција на монографијата „Историска посета на Светиот Отец“ и Зборникот „Католичката црква во Македонија низ историјата“

Промоција на монографијата „Историска посета на Светиот Отец“ и Зборникот „Католичката црква во Македонија низ историјата“

Во четврток 5 мај 2022 година, во пресрет на третата годишнината од посетата на папата Фрањо на Македонија, во организација на Скопска бискупија и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Македонија во малата сала на Македонската Филхармонија со почеток во 13.00 часот ќе се одржи промоција на Зборникот на трудови „Католичката црква во Македонија низ историјата“ и монографијата „Историска посета на Светиот Отец – прво македонско добредојде за папата Франциск“.

Присутните гости ќе ги поздрави Скопскиот бискуп и Струмичко скопски бискуп монс. Киро Стојанов и директорот на КОВЗГ, м- р Даријан Сотировски.

Промотор на Зборникот на трудови „Католичката црква во Македонија низ историјата“ ќе биде проф. доц. д-р дон Миленко Крешиќ, професор по црковна историја на Католичкиот богословски факултет во Сараево, додека промотори на монографијата „Историска посета на Светиот Отец – прво македонско добредојде за папата Франциск“ ќе бидат д-р Виктор Димовски, главен координатор во подготовката за доаѓањето на Папата во Македонија и актуелен директор на АНБ, Неговата еминенција кардинал Винко Пуљиќ и поранешниот претседател на Македонија проф. д-р Горге Иванов.

Водител на промоцијата е Ѓорѓи Калајџиев поет, текстописец и новинар, а за музичкиот дел ќе се погрижи Јулија Неловска.

к.мк

 

За авторот